Инспиративната приказна „Чудо“ од четврток во Cineplexx

 „Како човечки битија, во себе го поседуваме не само капацитетот да бидеме добри, туку и самиот избор на добрина“  - Р. Џ. Паласио, „Чудо“.

Мал број книги можат да ги натераат луѓето да променат нешто, но не е таков и случајот со новелата „Чудо“ на Р.Џ. Паласио. Издадена во 2013 г. авторот со оваа книга свесно превзема ризици. Беа ли читателите подготвени да го следат детето кое поради својата генетска состојба, роден со „кранио-фацијална разлика“,  успеваше да им застане на патот на минувачите? Излезе дека читателите беа навистина интригирани од Оги Пулман.

Филмот е базиран на бестселер на „Њујорк Тајмс“ и ја раскажува неверојатната и инспиративна приказна за Оги Пулман. Тој има голем деформитет на лицето, иако неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Токму тоа е и причината првите десет години од животот да ги помине во домашно школување. Кога тој тргнува во петто одделение, Оги мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца, да се обиде да се подготви за животот кој го чека. Да им докаже на сите дека тој е ист како нив, без разлика на неговото страшно лице. Но како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни? 

Начинот на кој Паласио минува низ животот на Оги, помалку хумористично но истовремено доволно брутално, е нешто што не засега сите нас: во денешниот свет толку сме засегнати од површни работи, што воопшто не забележуваме какви се всушност луѓето.

„За мене Чудо отсекогаш беше медитација на добрина, приказна која гравитира околу нешто сосема едноставно, а тоа е како да сфатиш како можеш да бидеш добар кон останатите“, вели Паласио.

Споделена од рака на рака, семејство на семејство, книгата се продаде во повеќе од пет милиони копии, но нејзиното влијание беше уште подлабоко, создаваше граѓански движења и инспирираше голем број на читатели да ја споделат својата приказна. Книгата брзо го привлече вниманието на Холивуд.

Филмските продуценти Тод Либерман и Дејвид Хоберман го прочитале сценариото во истата вечер и не чекале ниту ден за почнат со проектот.

„Се слушнавме по телефон и двајцата бевме со солзи во очите, не се срамам да признаам“, се сеќава Либерман.

„Двајцата бевме заљубени во прекрасната приказна за сочувство и пријателство“. Хоберман додава: „Приказната збореше за многу работи во кои ние веруваме. Ни се допадна како е раскажана преку неколку гледишта и како опфаќа едно цело американско соседство, а со тоа секој може да се иденфитикува во приказната. Најмногу од се, ни се допадна што допре до идејата дека сите ние сме се чувствувале како аутсајдери во даден период – и покажува што може да се случи кога ќе допреш до другите“. 

КИНО ПРОГРАМА (30.11.2017-06.12.2017)  

Чудо 2Д Секој ден: 16:30, 17:50, 19:00, 20:15 Викенд: 11:40, 14:00, 16:30, 17:50, 19:00, 20:15 

Лига на правдата 3Д Секој ден: 15:00, 17:30, 19:50, 22:15 Викенд: 12:20, 15:00, 17:30, 19:50, 22:15 

Лига на правдата 2Д Секој ден: 18:30, 20:45 

Тато се врати 2Д Секој ден: 16:00, 18:00, 20:00, 21:00, 22:00 Викенд: 12:40, 14:40, 16:00, 18:00, 20:00, 21:00, 22:00 

Убиство во Ориент Експрес  Секој ден: 17:10, 19:20, 20:30, 21:30 Викенд: 13:40, 17:10, 19:20, 20:30, 21:30 

Тор - Рагнарок Дигитал 3D Секој ден: 23:00 

Тор - Рагнарок Дигитал 2D Викенд: 13:00 

Предградие 2Д Секој ден: 23:00 

Убиство на светиот Елен 2Д Секој ден: 15:40, 22:45 

Исцелител 2Д Секој ден: 21:15 

Божиќ кај лошите мајки 2Д Секој ден: 18:50, 21:45   

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ 

Коко и големата тајна 3Д Секој ден: 15:20, 16:50, 19:10 Викенд: 12:00, 14:20, 15:20, 16:50, 19:10 

Коко и големата тајна 2Д Секој ден: 16:10, 18:10 Викенд: 11:00, 13:20, 16:10, 18:10 

Малиот Бигфут 3Д Секој ден: 17:00 Викенд: 11:20, 13:30, 17:00 

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе