Инспиративниот говор на Погба кој ја крена Франција: Сакам војници на терен

Францускиот репрезентативец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, им одржа инспиративен говор на соиграчите, пред натпреварот во осмина финалето од Светското првенство со Аргентина, па на тој начин покажа дека може да биде лидер и надвор од терените.

„Сакам да видам војници на теренот. Не сакам да одам дома. Ќе завршиме среќни! Сакам вечерва да одам на забава. Сакам да бидеме мртви на теренот, сите заедно! Сакам мажи, работници, војници. Денеска ќе ги „убиеме“. Меси, не Меси, не ме интересира. Дојдовме да го освоиме Светското првенство“, рече Погба, а снимката е земена од документарец кој го прикажа TF1.

За потсетување, во еден од најинтересните мечеви на изминатово Светско првенство, Франција ја доби Аргентина со резултат од 4:3, а потоа падна и Уругвај, пред чиј меч Погба исто така блескаше во соблекувалната.

„Тоа е тоа. Ќе продолжиме јако, одиме до крај. Се гледаме на 15 јули, сите заедно. Денеска Матуиди поради суспензија е разочаран, изнервиран. Сака да игра повеќе од кој било. За момците како него, денеска мораме да се бориме. Нема да биде на теренот, но исто како да е со нас. Сите мораме да имаме најдобро издание“, зборуваше Погба.

Пол Погба на претходното Светско првенство е прогласен за најдобриот млад играч на турнирот, награда која сега му припадна на сонародникот Мбапе, а и на овој Мундијал, фудбалерот на Јунајтед ги покажа своите лидерски способности.

Како што велат и неговите играчи од репрезентацијата, Погба полека но сигурно станува лидер на оваа Франција, на теренот, а како што гледаме и надвор од него.

Франција, во следната рунда во полуфиналето ја доби Белгија со 1:0, а потоа во големото финале и Хрватска со 4:2 и стана првак на светот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе