Стил

Instagram ѕвезда: Има шест години и е најубавото девојче во светот

15. октомври 2019 - 17:33 | Б.С.Б.

Малечката Алина Јакупова на Instagram ја следат повеќе од 23.000 луѓе, а веќе ја доби и титулата најслатко девојче во светот.

Како модел се бави од четиригодишна возраст, а веќе се има појавено во кампањи на познати модни брендови. Нејзини фотографии се објавени во многубројни списанија како InStyle и Grazia. Популарноста на Алина расте на социјалните мрежи, а од нејзината убавина се одушевени луѓето низ светот.

„Тајната на нејзиниот успех не лежи само во нејзината неверојатна убавина туку и во вредноста, како и во постојаниот саморазвој и покрај младата возраст“, вели нејзиниот менаџер Роман Кухар за Daily Mail.

Не е првпат девојче од Русија да важи за најубаво во светот. Во 2017 година Анастасија Кнјазева го освои светот, а претходно титулата за најубаво девојче ја имаше Французинката Тилен Блондо, која минатата година ја доби и титулата за најубава жена во светот.

Коментирај