Instagram го враќа хронолошкиот редослед на објавите

Фотографиите моментално се подредени според она што најчесто го гледа корисникот, така што алгоритам заснован на тие интереси прави редослед што понекогаш нема смисла.

Оние кои сакаат да ја видат речиси секоја објава на платформата Instagram, честопати се лишени од содржината на нивните омилени креатори.

Тоа треба да се промени наскоро, бидејќи веќе се работи на верзија на feed-от што ќе ги прикажува објавите по хронолошки редослед.

Фотографиите моментално се подредени според она што најчесто го гледа корисникот, така што алгоритам заснован на тие интереси прави редослед што понекогаш нема смисла.

Начинот на прикажување се смени во 2016 година и веднаш предизвика незадоволство кај оние кои сакаат јасен, хронолошки редослед.

Instagram моментално користи ВИ систем кој е одговорен за она што се смета за „персонализиран feed“, но методот и понатаму е непопуларен кај голем број корисници до ден-денес. Се случува содржините на едни исти креатори да бидат често на врвот, кои корисникот ги лајкува и на тој начин влегува во маѓепсаниот круг. Хронолошки подредениот feed може да го реши овој проблем, бидејќи основниот параметар за прикажување ќе биде времето кога е објавена објавата.

Директорот на одделот за Instagram, Адам Мосери, на 9 декември се појави пред Конгресот на САД, каде, меѓу другото, зборуваше и за промените кои ги очекуваат корисниците. Покрај промените во feed-от, се разговараше и за безбедноста на децата на оваа социјална мрежа. Мосери предложи да се формира комисија која ќе се занимава со безбедноста на најмладите и ќе определи како треба да се управува со нивните податоци.

Комисијата би одлучувала врз основа на информациите обезбедени од родителите, регулаторите, но и другите членови на општеството, а крајната цел би била да се создаде сет правила што социјалните платформи би биле обврзани да ги почитуваат. Сенаторите не беа задоволни од таа идеја, бидејќи сметаат дека за безбедноста на децата треба да се занимаваат експертите, а не обичните граѓани.

Instagram неодамна ја претстави функцијата Take a Break, која треба да го ограничи времето поминато на интернет. Се подготвуваат уште родителски алатки, но сенаторите тврдат дека тоа не е доволно, бидејќи социјалните мрежи веќе создаваат зависност кај најмладите.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе