Социјалната мрежа Instagram ја надмина границата од две милијарди активни корисници месечно, пишува CNBC.
Анонимни вработени во Instagram ја соопштија оваа информација за CNBC, а платформата во сопственост на компанијата Meta официјално се нема огласено. Причината за тоа веројатно е што веќе со месеци е на удар на критики поради наводно лошо влијание на децата и тинејџерите.
Последен пат Instagram соопшти статистика, односно број на корисници, во 2018 година кога потврди дека е надмината границата од милијарда корисници. Три години беа потребни за апликацијата да го надмине тој број.
Вработените кои ја открија оваа информација за CNBC тврдат дека и самите дознале за новиот број во текот на интерни разговори. Границата од две милијарди долари корисници е мината пред Facebook да ја донесе одлуката за промена на името во Meta.
Instagram очајно се обидува да биде пред TikTok, апликација која исклучително брзо расте и во септември ја надмина бројката од милијарда години. Затоа сега воведува новитети со кои сака да конкурира на TikTok.