Instagram ја воведе функцијата Candid Stories

Социјалната мрежа Instagram воведе функција наречена Candid Stories за која може да се каже дека е клон на апликацијата BeReal.

Candid Stories е нова функција во склоп на Instagram Stories која го нуди истото што и BeReal, а тоа е селфи секој ден. Функцијата на почеток ќе се тестира само во Јужна Африка.

BeReal беше лансиран во 2019 година и оттогаш константно расте, а особено е популарен помеѓу корисниците од генерацијата Z. Апликацијата се промовира како автентична мејнстрим платформа за друштвени медиуми бидејќи овозможува само една објава на ден и има ограничени начини на кои корисниците можат да воспостават интеракција со другите.

Како и BeReal, Candid Stories на Instagram на дневна база ќе ги потсетува корисниците да објават селфи, а тие ќе можат да ги видат Candid сторињата на своите пријатели само ако претходно направиле свое Candid стори. Candid селфињата, како и постовите на BeReal, всушност ќе бидат фотографии снимени истовремено со предната и задната камера.

Компанијата Meta на Candid Stories работи од летоска кога оваа функција се споменуваше како Candid Challenges и за која се зборуваше дека е „интерен прототип“.

Претходно функцијата копирана од BeReal ја воведоа и Snapchat и TikTok.

Instagram воведува и нова функција наречена Notes која им овбозможува на корисниците на својот профил да напишат статус од 60 карактери. Notes веќе неколку месеци е во тест фаза, а би можела да добие на важност откако Илон Маск го презеде Twitter.

Покрај тоа, Instagram ги поттикнува корисниците на интеракција во помали групи преку новата опција Group Profiles, која им овозможува на групите пријатели да создадат заеднички профили.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе