Instagram наскоро ќе им овозможи на своите корисници да објавуваат „екстра високи фотографии“ во формат 9:16 како дел од тестот што планира да го изврши наскоро.
Оваа вест ја потврди и првиот човек на Instagram, Адам Мосери.
„Во моментов можете да имате висококвалитетни клипови, но не и фотографии на Instagram. Мислиме дека треба да ги третираме еднакво“, рече Мосери.
Иако претходно можеше да се сподели фотографија од 9:16 на Instagram, ова важеше само за Stories, што значи дека таквите фотографии исчезнуваат освен ако корисникот не ги зачува како Highlights. Моментално се користи форматот 8:10.
Овој потег на Instagram доаѓа набргу откако социјалната мрежа го повлече непопуларниот интерфејс на цел екран. Редизајнот е тестиран од средината на јуни, но на повеќето корисници не им се допадна.
„Луѓето се фрустрирани од новиот дизајн на feed-от, а потрошувачката на податоци исто така не е сјајна“, изјави претходно Мосери. Редизајнот беше најмногу критикуван од фотографите.
Сепак, најновиот тест е показател дека Instagram сè уште ги следи стапките на TikTok.