Instagram конечно овозможи објавување од компјутер

Во обид да остане што е можно порелевантна, социјалната мрежа Instagram ја овозможи опцијата која многумина од нас долго време ја бараа.

По спојувањето со платформата Messenger, Instagram  има уште една голема новина - овозможено е корисниците да објавуваат и преку од компјутер.

Се покажа дека 21 октомври е важен ден од повеќе причини, бидејќи токму тогаш повеќето корисници ќе добијат можност да објавуваат објави и сториња токму од компјутерот, т.е. веб.

Ова е долгоочекувана функција, која ќе биде многу корисна за повеќето професионални корисници и креатори на содржини, кои сега ќе можат полесно и побрзо да закачуваат повеќе работи одеднаш, бидејќи работата со глушец и голем екран и тастатура (можеби некој има компјутер со допир) е многу попродуктивна и поедноставна отколку преку телефон.

Опцијата ќе биде овозможена преку веб за корисниците на персонални компјутери и таблети, така што и сопствениците на овие уреди ќе имаат предност во однос на претходната пракса.

Од денеска, секој што ќе добие нова функција за компјутер ќе види ново копче за интерфејсот - квадрат со +, кое се користи за поставување видео или фото содржина, вклучително и гифови и други видови претходно зачувани датотеки.

Опцијата Collabs, која за некои веќе е активирана, овозможува две сметки на Instagram заедно да објавуваат, што ќе им се појави на следбениците на двете сметки на Instagram, без потреба да копираат содржини или да прават нешто друго (ова важи и за заедничките Reels објави).

И Reels е подобрен со новите ефекти наречени Dynamic Lyrics и Superbeat, кои ја продолжуваат срамната практика на копирање на опциите од TikTok, па ако сте на TikTok мрежата, тогаш добро знаете за што зборуваме. Овие ефекти им овозможуваат на корисниците автоматски да прават автоматски генерирани текстуални и видео содржини, што го олеснува објавувањето на големи количини на содржина побрзо во текот на денот, а секогаш да бидат атрактивни.

Проверете ја вашата сметка на Instagram и ажурирајте ја претходно на вашиот телефон за да ги видите сите новости на вашиот компјутер или таблет.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе