Instagram конечно воведе говорни пораки

Годинава Instagram доживеа неколку промени, некои од нив подобро прифатени, некои не баш толку, но новата измена би требало да ги задоволи оние корисници кои сметаат дека е напорно да пишуваат на тастатура додека се во комуникација со некого.

Поради тоа, Instagram од вчера ги воведе говорните пораки во инбокс сандачето.

Оваа нова опција ќе им дозволи на корисниците да снимат и испратат кратка аудио порака во приватни и групни разговори со другите корисници. Должината на аудио фајлот мора да биде до една минута. Опцијата веќе од вчера е достапна кај корисниците на iOS и Android.

Корисните ќе можат да снимат порака со притискање и држење на иконата која покажува микрофон, која се наоѓа во менито во полето за разговор. Пораката ќе биде испратена во истиот момент кога корисникот ќе го тргне прстот од иконата, така што во случај да не сте задоволни од пораката или пак ако сакате да ја снимите одново, можете да ја избришете со притискање на иконата со мала канта за ѓубре.

Иако малку доцни во играта со говорни пораки, сепак овој новитет му дава една сосем нова димензија на Instagram, која веројатно ќе ја олесни комуникацијата помеѓу корисниците. Сепак, ниту оваа промена не дојде без негативни реакции, бидејќи дел од корисниците реагираа дека Instagram полека станува само копија на Facebook поради тоа што ги прифаќа сите карактеристики на оваа социјална мрежа.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе