Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Ве нервираат рекламите на Instagram? Се плашиме дека оваа социјална мрежа не ја интересира вашето мислење - стигнуваат уште реклами.

На Instagram доаѓаат два нови начини за поставување реклами - „реклами за потсетување и реклами за пребарување“ – објави платформата на својот блог. Овие дополнувања значат дека сега ќе наидете на реклами при пребарување, па дури и кога ќе ја затворите апликацијата може да добиете нотификација која исто така е реклама.

Во својата потрага по повеќе приходи, Instagram прво ќе лансира реклами за потсетување, а корисниците ќе можат да изберат за кои настани или лансирања сакаат да бидат известени надвор од апликацијата. На пример, ако видите реклама за премиера на нова серија или лансирање на нов телефон, можете да ја изберете опцијата Remind me, а Instagram ќе ви испрати три известувања - ден претходно, 15 минути пред и кога настанот започнува.

Платформата ќе додаде реклами и во пребарувањето. Рекламите ќе се појават во фидот што се прикажува кога корисниците ќе изберат еден од поимите во пребарувањето, а се наменети за оние што активно бараат бренд, производ или содржина. Така, ако на пример, објавите за кафе, може да видите реклама за некој бренд. Меѓутоа, овие реклами сѐ уште се во фаза на тестирање и се очекува да пристигнат „во наредните месеци“.

Овој потег не е изненадувачки. Компанијата продолжува да го зголемува бројот на реклами и други текови на приходи за дополнително да ја монетизира својата огромна корисничка база. Пребарувањето е важен дел од платформата, преку која многу корисници откриваат нови содржини, производи и брендови, а со додавање на реклами во овој дел, компанијата се надева дека ќе извлече дополнителни пари од огласувачите.

Тагови
реклама

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Руски астролог открива кои ќе бидат најнесреќни хороскопски знаци во декември

Read more

Германците објавија листа на најквалитетни половни автомобили за 2024 година

Read more

Софтвер

Дали ги знаете 10-те најкорисни кратенки во Microsoft Word?

Read more

Microsoft го најави Copilot AI за Windows 10

Read more

Кога вашиот модел на Samsung смартфон ќе добие Android 14?

Read more

Samsung најави алатка за преведување на телефонски повици

Read more
 

Гик

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Читај повеќе

Топ 4 најсмртоносни растенија во светот

Читај повеќе

„Пензионирањето“ на Меѓународната вселенска станица ќе чини милијарда долари

Читај повеќе

Google в петок ги брише сите стари кориснички сметки

Читај повеќе

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Читај повеќе

Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина гради подводен дата центар со моќност од шест милиони компјутери

Читај повеќе

Не биле дивјаци, туку како нас: 5 откритија што го објаснуваат животот на неандерталците

Читај повеќе

Новогодишна понуда на Телеком за вистинско поврзување

Читај повеќе