Софтвер

Instagram Stories веќе поддржува шест нови Superzoom ефекти на камерата

15. септември 2018 - 15:36 | МИА

Сан Франциско, 15 септември 2018 (МИА) - Instagram ја ажурира својата популарна апликација, која сега нуди многу интересна функционалност. Корисниците сега ќе можат да користат шест нови „Суперзум“ (Superzoom) ефекти кон приказните кои ги „закачуваат“ на своите профили.

Тука е моментот да кажеме дека Superzoom се активира од камерата на паметните телефони и ви овозможува да креирате кратки клипови во траење од три секунди. Обично, секое видео може да се прилагоди со дополнителни ефекти и анимации.

Интегрирањето на уште шест ефекти ќе ја направи функцијата уште попривлечна за корисниците. Сопствениците на смартфони ќе имаат нов начин како да се забавуваат со вкупно десет ефекти во Instagram Stories, а меѓу нив се и новите предлози Hearts, Pope, Paparazzi Fire, Bummer и Surprise.

Ова не е единственото подобрување во најновата верзија на Instagram. Мобилната апликација сега вклучува опција за брз пристап до најупотребуваните емотикони.

На овој начин, секој од нас ќе може брзо да избере помеѓу осумте симболи кои најчесто ги користи во неговите коментари. Самите емотикони се достапни од лентата на врвот на полето за пишување на одговор во Instagram.

Добро е да се знае дека надградбите се шират на етапи, што значи дека ќе треба да бидете трпеливи за да можете сами да ги тестирате новите функции. Сепак, Instagram нѐ увери дека нема да мораме да чекаме премногу долго.

Коментирај