Живот
Со колкови крева 185 кг

Instagram видеото со кое Двејн Џонсон ги воодушеви фановите

12. ноември 2018 - 14:21 | Б.С.Б.

Славниот актер Двејн Џонсон на Instagram објави видео во кое изведува кревање тегови со колкови, во случајов станува збор за 185 кг. Тој ги воодушеви обожавателите, откривајќи и детали за новиот филм.

Станува збор за интензивни тренинзи што ги изведува за снимањето на спинофот на Fast and Furious. Филмот се снима веќе 40 дена од планираните 80 дена, а Џонсон се труди да даде сè од себе за ликот што го глуми и да биде во добра форма.

„Крв, пот, храброст и почит, секогаш ќе се водам со ова кога станува збор за работата“, порача тој.

Коментирај