Instagram Vs. реален живот, смешни фотографии
На сите веќе ни е јасно дека социјалните мрежи не се вистинскиот живот. Додека ги разгледувате профилите на Instagram веројатно сте забележале како животот на луѓето изгледа идеален или дека сите имаат совршено тело.
Но, има и луѓе кои го исмејуваат тоа. Меѓу нив е и тајландскиот модел Виена Дол која редовно споделува со обожавателите на Instagram и на Twitter фотографии на кои ги споредува идеалниот живот на Instagram и реалноста.
Во галеријата ќе погледнете дел од нејзините смешни споредби.