Instagram Vs. реалност: Како инфлуенсерките поставуваат нереални стандарди?
Стандардите за убавина на различни места во светот варираат бидејќи не постои точна формула за тоа што е убаво, така што зависи од начинот на кој луѓето гледаат на светот. Но, каков и да е стандардот, тој ќе вклучува само дел од луѓето, а останатите ќе се чувствуваат како да вредат помалку затоа што не ги поседуваат карактеристиките на кои многумина им се восхитуваат.
Кога станува збор за изгледот на телото, во западните култури, најпосакуваното тело е слабото тело. Тоа е она што луѓето на интернет најмногу сакаат да го покажат и сакаат да го видат. Другите типови на тела ретко се претставени, па така луѓето кои изгледаат поинаку од инфлуенсерките на Instagram се чувствуваат како нешто да не е во ред со нив.
Што е уште полошо, во многу случаи, тие Instagram „модели“ дури и не изгледаат така во реалниот живот. Аглите, позите, осветлувањето и „малку“ средување на фотките (и видеата!) им помагаат да ја постигнат сликата каква што би сакале да бидат. Но, има луѓе како Сара Пухто кои разбираат колку е штетно гледањето такви фотографии за другите, па таа ја покажува реалноста зад нив и изненадувачки е како сме се прекорувале што не сме „стандардни“ кога е невозможно да се постигне тоа, бидејќи не е реално.