Инсталирани фотоволтаични системи на 108 јавни објекти во 36 општини

Скопје, 22 ноември 2019 (МИА) – Со поддршка на Европската Унија и Светската банка, Владата инсталираше фотоволтаични системи на 108 јавни објекти во 36 општини со кои се овозможува годишна заштеда од 190.000 евра за потрошената електрична енергија.

Фотоволтаичните системи се поставени во објекти на вкупно 68 училишта, од кои 11 за средно и 57 за основно образование. Од нив, 58 фотоволтаични системи се поставени на училишните згради и 10 на спортските сали при училиштата. Шест фотоволтаични системи се поставени на детски градинки, 18 на општинско-административни објекти, два системи на домови на култура, три на спортски општински сали и по еден фотоволтаичен систем e поставен на здравствен дом, територијална единица за противпожарна заштита и тренинг центар.

- Со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, како и за намалување на трошоците за електрична енергија, на институциите формирани од општините и на предлог-објекти од општините се реализираше Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи во 36 општини и на 108 јавни објекти. На барање на Владата, ЕУ се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на Програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра, соопшти владината прес-служба.

Програмата, се посочува во соопштението, ја имплементираше Министерството за финансии, во соработка со Светската банка како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги. Овие средства на општините им се доделуваат во форма на грантови за да ја подобрат инфраструктурата во руралните средини.

- Во рамките на Министерството за финансии-МСИП, Проект за подобрување на општинските услуги со средства од ЕУ ИПА грант успешно се реализираше Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи во четири региони, велат од Владата.

Во Источен плански регион, додаваат, се поставени во 11 општини и тоа Берово, Виница, Делчево, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Штип и Зрновци. Во Југозападен регион во 10 општини: Вевчани, Дебарца, Македонски Брод, Охрид, Дебар, Струга, Центар Жупа, Пласница, Кичево и Ресен. Во Полошки плански регион во 9 општини: Јегуновце, Маврово и Ростуша, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Теарце и Тетово и во Североисточен плански регион во 6 општини: Кратово, Крива Паланка, Куманово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково.

- За намалување на трошоците за електрична енергија кај јавните субјекти инсталирани се три фотоволтаични системи на пречистителни станици за отпадни води и тоа во Берово, Кичево и Македонски Брод, како и четири системи на фабрики за вода за водоснабдителен систем (Штип, Струга-Шум, Гостивар и Тетово) и една пумпна станица за водоводен систем во Карбинци. Кај ваквите објекти, каде корисникот работи 24 часа и е голем потрошувач, заштедите во потрошена електрична енергија може да изнесуваат од 28 до 82 отсто, или 45 отсто во просек месечно, односно 1.000 евра по објект за месец. Кај осумте вакви објекти со вградени фотоволтаични системи, заштедата годишно може да изнесува 96.000 евра, порачуваат од Владата.

Во јавните објекти од типот на општински-административни згради, училишта, градинки културни домови и слично (мали потрошувачи), посочуваат, заштедите во потрошена електрична енергија месечно може да изнесуваат од 20-76 отсто (просечно 45 отсто) што изнесува 80 евра по објект месечно. На 100 вакви објекти вградени се фотоволтаични системи и заштедата кај нив годишно може да изнесува 96.000 евра.

- Вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190.000 евра, потенцираат од Владата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе