Свет

Инстинкт за преживување: Сурфер изгризан од ајкула успеа да доплива до брегот

16. април 2018 - 13:26 | А.С.

Сурфер кого утрово го нападна ајкула успеа со пливање да стигне до брегот во југозападна Австралија и покрај тешките повреди на двете нозе, соопштија болнички извори.

Денис Бертолдо, кој има 30-тина години, сурфал во Грејстаун кога во околу 8 часот утринава по локално време го нападнала ајкула.

Тој некако успеал да доплива до брегот иако имал тешки повреди од гризење, а на плажата му била пружана прва помош. Потоа со хеликоптер бил пренесен во болница во Перт.

Според лекарите, состојбата сега му е сериона, но стабилна и дека е вистинско чудо како успеал да доплива до брегот со такви повреди.

Поради инцидентот се затворени неколку околни плажи на крајбрежјето, а спасувачите два часа подоцна забележале ајкула долга околу 4 метри во близина на истата плажа каде се случи нападот.

Се претпоставува дека Бертолдо го нападнала ајкула од видот голема бела ајкула.

Коментирај