Intel ја претстави 13-та генерација Core процесори, наречени Raptor Lake, кои се карактеризираат со бројни подобрувања и поголеми брзини.

Ако сакате да видите вистинска конкуренција на дело, само погледнете ја „војната“ меѓу Intel и AMD да го пласираат најбрзиот компјутерски процесор на пазарот.
Во текот на последните десет години, Intel имаше големи проблеми со доцнењето на производството и дизајнот на своите процесори, кои AMD ги користеше за да ја зајакне својата Zen архитектура и да го создаде импресивното семејство на чипови Ryzen.
Кога многумина веќе го отпишаа Intel, компанијата ја претстави долгоочекуваната 12-та генерација Core процесори, што беше огромен успех на пазарот. Сега е време за наследниците, а тоа се чиповите од 13-та генерација - Raptor Lake.
Intel ги претстави сериите K и KF на десктоп процесори, предводени од премиум моделот Core i9-13900K, чија цел е да понуди најдобро искуство за играње.
Core i9-13900K има двојно повеќе E-јадра во споредба со претходниот модел 12900K и вкупно 24 јадра, повисоки брзини на засилување (до 5,9 GHz) и повеќе кеш меморија. Подобрувања се направени и во сегментот на оверклокување, со Extreme Tuning Utility и Intel Speed Optimiser.
Новата платформа носи и подобрувања за DDR5 меморијата, зголемувајќи ги брзините од 4800 MT/s на 5600 MT/s.
Од октомври на пазарот се очекува 13-та генерација на Core десктоп процесорот на Intel, а цените ќе ги дознаеме подоцна.