14.март 2018
Интензивен тренинг од 15 минути што заменува еден час вежбање
На просечен тренинг во теретана со кревање тегови за еден час се топат 180 до 260 калории, според едно истражување на Универзитетот Харвард. Дечките од Jump Rope Dudes ви покажуваат како со интензивен тренинг од 15 минути со скокање јаже може да ја потрошите истата количина на калории.
Плус, вежбањето со скокање на јаже е многу забавно и ќе внесе нова енергија во вашата рутина на вежбање.
-->
Коментирај