СЕРИЈА А 2019/20

Интер броеше до 6, автогол го спаси Милан

„Нераѕурите“ беа немилосрдни кон последната Бреша постигнувајќи 6 голови, Милан се изваде во Ферара со автогол во судиско, додека Фиорентина беше непријатно изненадена дома од Сасуоло.

Интер синоќа гневот од лошите игри и резултати го истури врз последнопласираниот тим на табелата, Бреша. Составот на Антонио Конте постигна по три гола во секое полувреме извоувајќи ја највисоката победа сезонава. Сите голови ги постигнаа различни играчи и тоа Ашли Јанг, Алексис Санчес од пенал, Данило Д'Амброзио, Роберто Гаљардини, Кристијан Ериксен и Антонио Кандрева.

Remote video URL

Милан гостуваше во Ферара кај СПАЛ каде и покрај најавите сепак во тимот не беше Златан Ибрахимовиќ. Домаќините со головите на Матија Валото и Серџо Флокари уште по половина час игра водеа со 2:0, но пред полувремето црвениот на Марко Д'Алесандро ги исфрли од колосек. СПАЛ успешно се бранеше сѐ до 79. минута кога Рафаел Леау намали на 2:1, а драгоцената победа ја испуштија во судиското надополнување кога Франческо Викари си постигна несреќен автогол и го спаси Милан од срамен пораз.

Remote video URL

Екипата на Фиорентина беше непријатно изненадена од Сасуоло на домашен терен. Грегоар Дефрел во првиот дел постигна два гола, а потоа Мерт Мулдур зголеми на 0:3 пред Патрик Кутроне да го ублажи поразот во последната минута.

Remote video URL

Крајно интересен натпревар одиграа Верона и Парма постигнувајќи вкупно пет голови. Гостите поведоа преку Дејан Кулушевски, но Верона направи пресврт со головите на Самуел Ди Кармине од пенал и Матија Ѕакањи. Рикардо Гаљоло потоа израмни на 2:2, а победата за Верона ја донесе Матео Песина на 9 минути пред крајот.

Remote video URL

Во останатите два натпревара синоќа Болоња и Каљари одиграа 1:1, а Сампдорија славеше на гости кај Лече со 1:2 каде, интересно, сите три гола беа постигнати од белата точка.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе