ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Интер гламурозно го претстави Ериксен, како Џејмс Бонд

Данецот стави потпис на договорот и од денеска официјално е нов играч на Интер, гламурозно претставен.

Како Џејмс Бонд, 27-годишниот Данец доби гламурозно претставување од миланскиот клуб. Првите кадри од новиот играч на „нераѕурите“ се појавија од Театро дела Скала, позирајќи како Џејмс Бонд. Ова е првпат оваа позната оперска куќа да биде користена на ваков начин за што Интер морал да бара посебна дозвола од градоначалникот Џузепе Сала.

„Едвај чекав да пристигнам, прекрасно е да се биде тука и сум среќен штом сум нов играч на Интер. Многу сум емотивен и едвај чекам да ги запознаам навивачите, веќе имав можност да го слушнам нивно топло добредојде, беше фантастично“, беа првите зборови на Кристијан Ериксен како играч на Интер.

Ериксен го одбра бројот 24, но не во чест на Коби Брајант. Причината е друга: во Тотенхем носеше 23, а 24 симболизира одење чекор напред во кариерата.

Со Интер потпиша 4 и пол-годишен договор, односно до јуни 2024 година. За трансферот Тотенхем доби 20 милиони евра. Ериксен е засилувањето во средниот ред кое Антонио Конте одвај го чекаше.

За Тотенхем играше 6 и пол сезони, а таму дојде од Ајакс. За репрезентацијата на Данска има одиграно 95 натпревари со постигнати 31 гол. Настапи на Мундијалите во 2010 и 2018, како и на ЕУРО 2012, а треба да игра и на претстојното ЕУРО.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе