СЕРИЈА А 2020/21

Интер го среди Милан и ја зголеми предноста на врвот

Милано е обоен во црно и сино откако попладнево Интер со високи 3:0 го декласираше Милан во големото градско дерби.

Ништо од експресното враќање на врвот на „Росонерите“. Милан претрпе убедлив пораз од лутиот ривал Интер откако тактиката на Стефано Пиоли се сруши по само 5 минути игра кога Ромелу Лукаку одлично го пронајде Лаутаро Мартинес за водство од 0:1.

„Нераѕурите“ ја контролираа играта, успешно ја неутрализираа тактиката на Милан не дозволувајќи сериозен напад по голот на Самир Хандановиќ. Златан Ибрахимовиќ остана без муниција и по подолго време не успеа да постигне гол против Интер кој обично му е редовен муштерија.

На вториот гол се чекаше до 57. минута. Овој пат Кристијан Ериксен одлично го проигра Иван Перишиќ по левата страна кој, пак, му сервираше на Лаутаро за негов втор гол и дуплирање на водството.

Потоа во 66. минута точка стави Лукаку и тоа по втора асистенција на Перишиќ.

Милан создаде нешто посериозна шанса дури откако Интер дозволи малку да се разигра условно кажано домаќинот, но и оние удари кон гостинскиот гол словенечкиот голман успешно ги бранеше.

Со овие 3 бода сега Интер има 53 на врвот на табелата во Серија А и 4 повеќе пред Милан кој врза два пораза во низа или три во последните пет натпревари.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Фудбал

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Read more

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Read more
 

Спорт

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе