УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Интер, Манчестер, Копенхаген и Шахтар обезбедија четврфинале во ЛЕ

Интер го елиминираше Хетафе во единствениот единечен натпревар, Манчестер Јунајтед и Шахтар само ја потврдија предноста од првите натпревари, додека Копенхаген успеа да ја надополни негативата и да избори пласман.

Со четирите натпревари од осминафиналето на Лига Европа конечно продолжија и европските клупски натпреварувања по големата пауза поради пандемијата со коронавирусот.

На неутрален терен во Гелзенкирхен, Германија, Интер и Хетафе одиграа еден решавачки натпревар во кој „Нераѕурите“ излегоа како победници и изборија место во четвртфиналето. Ромелу Лукаку во 33. минута го отвори резултатот, а точка на победата стави штотуку влезениот Кристијан Ериксен во 83. минута.

Манчестер Јунајтед имаше предност од 5:0 од првиот натпревар против ЛАСК, па реваншот на домашен терен беше само формалност. Гостите поведоа преку Филип Визингер во 55. минута, две минути подоцна израмни Џеси Лингард, а Антони Марсијал на две минути пред крајот донесе нова победа за „Црвените ѓаволи“ кои на овој натпревар настапија во комбиниран состав.

Копенхаген успешно ја анулираше предноста на Басакшехир од 0:1 и со убедлива победа од 3:0 замина во наредната фаза. Јонас Винт уште во 4. минута ги израмни силите, а потоа во 53. минута од пенал донеше водство за домаќините, додека сите надежи на Турците ги сруши Расмус Јенсен во 62. минута.

Волфсбург отпатува во Украина со надеж да надокнади негатива од 1:2 во корист на Шахтар, но наместо тоа се врати дома со пораз од 3:0. Најпрво двата тима останаа со играч помалку кога Давит Хочолава во 68. минута кај домаќините и Џон Брукс во 70-тата кај гостите заработија исклучување. Шахтар победата ја одработи фузиозно во последните минути од натпреварот. Во 89. минута Жуниор Мурајс го постигна првиот гол, а во судиското надополнување Манор Соломон и по вторпат Мурајс се погрижија за конечни 3:0.

Според жрепката, веќе е позната една четвртфинална двојка и тоа Манчестер Јунајтед против Копенхаген.

Денеска се играат останатите четири натпревари во кои Интер го чека подобриот од Ренџерс - Баер Леверкузен, а Шахтар победникот од Ајнтрахт - Базел. Олимпијакос - Вулверхемптон и Севиља - Рома ќе ја дадат последната четвртфинална двојка.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе