ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Интер меѓу Сцила и Харибда: Лукаку може да дојде под два услова

Новостите кои пристигнуваат од Италија велат дека и Тухел дал земело светло за Челси да го врати Лукаку во Интер, но само под два услова.

Се чини дека во Челси се помириле дека голгетерот за кого минатото лето платија дебела сума ќе мора да го врата назад од каде што го земале, согалсно желбата на самиот играч.

Но, „Сините“ немаат намера така лесно да се согласат на зделка во која тие би биле во огромна загуба. Имено, италијанските медиуми, и тоа оние најреномираните како Gazzetta dello Sport, Tuttosport и Il Corriere dello Sport, денеска информираа дека Томас Тухел имал состанок со клупската управа за летната трансфер политика. Тој им ставил дознаење дека нема ништо против заминувањето на Ромелу Лукаку, што и не е за изненадување гледајќи го неговиот учинок изминатава сезона каде постигна 15 гола на 44 натпревари во сите натпреварувања.

Проблемот е што Челси на Интер лани му искешира 113 милиони евра за услугите на белгискиот репрезентативец. Интер нема толку пари за да го купи назад, па единствена опција останува позајмицата или некој друг вид на компензација.

Едната опција која Челси ја ставиле на маса е едногодишна позјамица за која „Нераѕурите“ треба да платат 25 милиони евра. Со оглед на финансиската ситуација во тимот од Милано, тешко е за верување дека Интер би се согласил да плати толку пари за играч кој ќе го има на располагање само една сезона.

Втората опција која ја понудил Челси е перманентен трансфер без пари, но со размена на играчи. Нема информација кој играч Челси го побарале, но медиумите од Чизмата претпоставуваат дека се работи за еден од триото Лаутаро Мартинес, Алесандро Бастони и Милан Шкриниар. Тројцата важат за недопирливи во Интер.

Интер сака да го врати Лукаку, со кого го освои Скудетото лани, но ни двата услова не му одговараат. „Нераѕурите“ со овие два услова се буквално како Одисеј кога се нашол меѓу чудовиштата Сцила и Харибда. Од друга страна, пак, Челси сака да се ослободи Белгиецот, но и да не биде во голема загуба со оглед на баснословната сума која ја плати за него. Ова ќе биде долго трансфер лето за двата клуба бидејќи допрва ќе се разгоруваат преговорите за враќањето на Лукаку на „Меаца“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе