СЕРИЈА А 2019/20

Интер се лизна со Аталанта, Јуве кај Рома брка прво место

Интер не успеа да слави на домашен терен против Аталанта со што му отвори пат на Јувентус со триумф вечерва во Рим да избие сам на лидерската позиција во Калчото.

Интер поведе уште во 4-тата минута со голот на Лаутаро Мартинес на асистенција на Ромелу Лукаку и најави победа на дерби пресметката со соседот од Бергамо.

Но, „Нераѕурите“ не успеаја да постигнат втор гол, а после паузата гостите се разбудија и презедоа иницијатива. „Деа“ израмни во 75-тата минута преку Робин Гозенс, а потоа можеше да дојде и до целосен пресврт.

Во 88-мата минута младиот Алесандро Бастони несмасно го бутна Руслан Малиновскиј за удар од белата точка, но Самир Хандановиќ го прочита шутот на Луис Муриел.

ХАЈЛАЈТС

Најзадоволни од ремито во Милано се фудбалерите на Јувентус кои вечерва ѝ гостуваат на Рома. Тешко гостување за „Бјанконерите“ на кое со евентуална победа ќе избијат сами на првото место кое досега го делеа со Интер веќе неколку кола.

И Лацио се радува на овој резултат и воедно чека кикс вечер на Јуве во Рим. „Бјанкочелестите“ синоќа среќно славеа над Наполи со минимални 1:0 благодарение на сречниот погодок на Чиро Имобиле на 8 минути до крајот. Лацио сега има 42 бода, 4 помалку од Интер и 3 од Јувентус. Тимот од Рим е во серија од 10 победи во низа со што се приклучи во борбата за Скудетото.

ХАЈЛАЈТС

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе