СЕРИЈА А 2019/20

Интер со фуриозен финиш победи кај Парма

Иако губеа и се мачеа, на крајот „Нераѕурите“ успеаја да прокнижат три бода и тоа со два гола во рок од три минути за победа со пресврт на гостувањето на „Енио Тардини“.

Парма уште еднаш покажа дека е тврд орев за тимот на Антонио Конте. Откако есента одигра 2:2 на „Меаца“ и притоа беше во водство, доцна синоќа на реваншот на свој терен повторно беше блиску до изненадување.

Домаќините поведоа по 15 минути игра откако Жервињо со слалом ја измести гостинската одбрана и го отвори резултатот.

Интер ја контролираше играта, имаше и посед, но никако не успеваше да ја пробие одбраната на популарните „Крочати“ и да создаде сериозна шанса. Напротив, Парма преку контри се закануваше да го дуплира водството.

Упорноста на играњето со нафрлени топки на Интер му вроди плод дури во последните минути од натпреварот. По еден корнер во 84. минута, Лаутаро Мартинес ја чепна топката, таа дојде до дефанзивецот Стефан де Врај кој со глава израмни на 1:1.

Само три минути подоцна дојде пресвртот. Виктор Мозис од свртување нафрли и перфектно го пронајде нововлезениот дефанзивец Алесандро Бастони со кој глава погоди за 1:2. Младиот Бастони лани настапуваше токму за Парма, како позајмен играч.

Remote video URL

Со овој натпревар се комплетираше 28. коло по кое Јувентус води со 69 бодови, пред Лацио со 65, Интер со 61 и Аталанта со 57.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе