СЕРИЈА А 2020/21

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Вистинска драма синоќа имаше во Милано каде Фиорентина до 87. минута имаше водство од 2:3, а по последниот свиреж се упати кон Фиренца со пораз од 4:3.

Мачен старт на новата сезона за тимот на Антонио Конте. Интер синоќа ја отвори сезоната пречекувајќи ја Фиорентина бидејќи во 1. коло доби поштеда како екипа која долго играше во европските купови летово.

Уште во 3. минута Котиворијанецот Кристијан Куаме ги шокираше домаќините откако по една грешка во домашната одбрана непречен од никого постигна гол.

Интер се мачеше да создаде вистинска шанса, а во тоа успеа тек во надополнувањето од првиот дел кога Лаутаро Мартинес со прекрасен удар го израмни резултатот.

Второто полувреме почна лошо за Виола која преку Федерико Чекерини во 52. минута си постигна автогол доведувајќи ги „Нераѕурите“ во водство.

Пет минути подоцна Франк Рибери одлично го проигра Гаетано Кастровили кој израмни на 2:2. Нов шок за Конте стигна во 63. минута кога повторно одлично асистираше ветеранот Рибери, овој пат за Федерико Кјеза кој еден на еден со Самир Хандановиќ погоди за 2:3.

Конте веднаш направи замени ставајќи ги во игра Стефано Сенси и новодојдениот Ашраф Хакими на местото на бледите Кристијан Ериксен и Ешли Јанг. Потоа во игра влегоа и новите засилувања Артуро Видал и Раџа Наинголан, како и Алексис Санчес.

Интер ја презема иницијативата, а израмнувачкиот гол дојде во 87. минута кога Санчес одлично го пронајде Хакими, а Мароканецот со прецизен пас му сервираше на Ромелу Лукаку кој се наоѓаше во позиција од каде не се промашува.

Спасителот на Интер беше Данило Д'Амброзио кој доби висока топка од Санчес, го натскока Душан Влаховиќ и со глава ја смести топката во мрежата на Бартуомеј Дронговски за победа од 4:3.

Remote video URL
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе