СЕРИЈА А 2019/20

Интер со најмногу продадени сезонски билети во Италија

Иако со години се мачи, Интер има најголема поддршка кога игра дома. За претстојнава сезона досега продаде скоро 13 илјади сезонски билети повеќе од шампионот Јувентус.

Чудна е состојбата на трибините во Италија изминативе сезони. Јувентус доминира, гази сѐ пред себе, ама публиката оди да го гледа Интер, која пак игра лошо, киксира против слаби екипи и не освојува титули.

За претстојнава сезона која почнува викендов „нераѕурите“ веќе продале 40 илјади сезонски билети, што е половина од вкупниот капацитет на „Џузепе Меаца“. Јувентус, кој важи за најпопуларен клуб во Италија, продал само 27.700. Ништо чудно, ако се знае дека токму во својот град Јуве ја нема поддршката бидејќи поголемиот дел од жителите всушнoст навиваат за Торино. Но, на натпреварите на Јуве редовно доаѓаат навивачи од цела Италија.

Со оглед на резултатите, добро стои и Милан со 30 илјади продадени влезници. „Росонерите“ се всушност втори после Интер. Трет е Јуве, е четврта Фиорентина.

За пофалба е малиот Лече чии навивачи очигледно се желни за врвен фудбал откако клубот 7 години отсуствуваше од Серија А.

Разочарување е дефинитивно Наполи кој продал само 9 илјади сезонски билети.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе