Чек дис аут

Интересни факти за Хитлер кои веројатно не сте ги знаеле

21. февруари 2020 - 10:24 | Б.С.Б.

Германскиот диктатор Адолф Хителс се смета за еден од најужасните луѓе во историјата на човештвото. Расистичката идеологија за која се залагал, Холокаустот, Втората светска војна се дел од работите кои прво ни асоцираат на него.

Но, постојат уште неколку факти за овој нацистички лидер кои веројатно не сте ги знаеле.

1. Првата негова љубов била Еврејка

Можеби звучи како лага, но кога одел на училиште Хитлер бил вљубен во Еврејка. Станува збор за Стефани Исак која не ни знаела дека има таен обожавател. Во тоа време Хитлер бил срамежлив и никогаш не ѝ признал дека му се допаѓа.

2. Имал здравствени проблеми со дигестивниот систем

Во текот на целиот живот Хитлер имал проблеми со стомакот. Грчеви и болка во стомакот, гасови, хронична дијареја, непријатно чувство по оброк се дел од проблемите кои го измачувале. Се плашел дека некој ќе дознае за неговата здравствена состојба, па се лекувал со дури 29 различни лекови. Ништо не му помагало.

3. Останал со еден тестис

Многумина веруваат дека тоа било причина за неговата искомплексираност. Во Првата светска војна бил ранет, па докторите морале да му отстранат еден тестис за да му го спасат животот.

4. Сакал да биде свештеник

Кога имал 4 години за малку ќе се удавел во замрзнато езеро. Бил спасен од свештеник. Тоа оставило длабока трага во неговиот живот, па подоцна имал желба да стане свештеник. Но, неговиот живот тргнал во поинаков правец. Не сакал да му служи на бога, па си замислил дека тој е Господ.

5. Бил голем женкар

Хитлер немал проблеми со шармирање на жените, секоја што му се допаѓала ја освојувал. Дури и бил дел од инцест, бил во врска со негова внука, која потоа на 23-годишна возраст извршила самоубиство.

6. Не знаел да вози

Можеби звучи чудно, но Хитлер никогаш не научил да вози. Некои луѓе веруваат дека се плашел да покаже пред другите дека нешто не знае па наместо тоа имал приватен возач.

7. Бил вегетаријанец

Наводно, овој диктатор многу ги сакал животните и не бил одушевен од идејата да се вршат експерименти и истражувања на животни. Во неговиот дневник неколку пати спомнал дека е вегетаријанец, па дури и размислувал за тоа ваквиот начин на исхрана подетално да го претстави на јавноста, по војната.

8. Бил противник на пушењето

Иако пушел како млад, Хитлер подоцна станал голем противник на пушењето. Сметал дека цигарите се залудно потрошени пари, па започнал лична кампања против пушењето и го забранил пушењето во јавниот превоз.

Коментирај