Интересно откритие: Како сонот може да ни го продолжи животот?

Подолгото спиење за време на викендите може да ги ублажи здравствените проблеми кои произлегуваат од недоволната количина на сон во работните денови, па дури и да го намали ризикот од прерана смрт, тврдат научниците.

Истражување спроведено на повеќе од 38.000 возрасни луѓе укажа на повисокото ниво на морталитет меѓу младите и средновековни мажи кои спијат помалку од пет часа, но таа разлика исчезнува кај оние кои во текот на викендите успевале да го надополнат пропуштеното.

Досега се направени многу истражувања во однос на недостатокот на сон и здравје, но разликата во траењето на сонот за време на работните денови и викендите, притоа често не се зема во предвид.

Токму поради тоа, група на шведски научници од универзитет во Стокхолм се фокусираше токму на тој однос.

Учесниците во истражувањето даваа податоци околу количината на сонот, а научниците ги следеа 13 години. Заклучено е дека лицата помлади од 65 години кои спиеле помалку од пет часа секој ден (вклучувајќи ги и викендите), имале 65 отсто поголемо ниво на морталитет од референтната група која спиела по шест или седум часа.

Меѓутоа, „стапката на морталитет кај лицата кои спијат пократко за време на работните денови, но во текот на викендите го надополнуваат тој сон спиејќи долго или умерено, не се разликува во однос на референтната група“, пишуваат научниците во магазинот „Journal of sleep research“.

Интересно е дека оние кои спиеле подолго од  девет часа дневно исто така имале поголем морталитет од референтната група.

Сепак, постојат и скептици меѓу експерти кои не се дел од ова истражување, а кои сметаат дека луѓето не треба премногу да се потпираат на тоа дека во два дена ќе се исправи пропуштеното во петте претходни.

„После три хамбургери, секако дека е поздраво да се изеде салата отколку четврт хамбугер, но таа нема да ги подобри негативните ефекти од претходно изедениот хамбургер“, вели Мајкл Грандер од универзитет во Аризона.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе