Скопје, 27 јули 2019 (МИА) – Сервисите Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка АД Скопје се целосно функционални.
Од понеделник шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката ќе работат со редовно работно време и ќе ги извршуваат сите активности, информираат од Комерцијална банка АД Скопје.
Потсетуваат дека од петокот се извршуваат трансакциите со картичките на Банката во трговија и на банкомати, откако од завчера попладне услугите на банката не беа достапни поради технички проблем.