Интернетот ја исмева британската премиерка: Тереза Меј заигра во Кенија
Неодамнешната кореографија на британската премиера, Тереза Меј, предизвика лавина на реакции на социјалните мрежи.
Имено, Тереза Меј се обиде да ги демонстрира своите танцувачки способности при посетата на Кенија.
Ова беше втор пат британската премиерка да проба да игра за време на својата посета, а иако не се најдобро снајде ниту првиот пат, тоа не ја обесхрабри.
Сепак, социјалните мрежи не и останаа должни, па таа доби лавина од гифови и духовити коментари.