Интернетот полуде по трејлерот за мрачната верзија на „Fresh Prince Of Bel-Air“

Оние кои израснаа во 90-тите секако се сеќаваат на ТВ-серијата „Fresh Prince Of Bel-Air“ со која се прослави Вил Смит.

Но, дали некогаш сте помислиле како ќе се одвиваше приказната за Вил ако не беше лесно сварлива комедија, туку мрачна и сурова драма?

Токму на тоа мислел Морган Купер кога го снимал „трејлерот“ за „Bel-Air“ во кој нуди еден мрачен приказ на оригиналната приказна.

Дејството во фиктивната серија се случува во денешно време и ги опфаќа темите на насилство меѓу банди, полициска бруталност, класна нееднаквост и расна поделба.

„Како повеќето деца од 90-тите, израснав гледајќи го Fresh Prince“, напиша Купер на Twitter кога го објави трејлерот што го снимал шест месеци.

„Дури и кога бев дете, секогаш сметав дека има многу повеќе во таа приказна... па решив да го направам ова.“

Тој е сценарист, режисер и снимател на трејлерот.

Неговата идеја беше прифатена со голем ентузијазам на Twitter, чии корисници веднаш го „тагнаа“ Netflix и покажаа дека имаат огромна желба да го видат ова сценарио во ТВ-серија или филм.

Купер скромно реагираше на одличниот прием.

„Интернетот си е тоа што е. Никогаш не можеш да знаеш дали нешто ќе се ‘фати’ или не. Многу сум возбуден за сѐ што се случи и понизно го прифаќам. Јас сум црн креативец и ја претставувам мојата култура и за мене е многу важно да се изразувам автентично“, изјави тој за Okayplayer.

Дали вие би ја гледале оваа верзија на приказната?

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе