Интерпол распиша потерници по 20 осомничени за убиството на Кашоги

На барање на Турција, Меѓународната полициска организација (Интерпол) денеска распиша потерници по 20 државјани на Саудиска Арабија осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Осомничените се дел од т.н. тим за егзекуција и сега ќе се трага по нив во секоја земја членка на Интерпол.

Се претпоставува дека осомничените се вратиле во Саудиска Арабија, откако на 2 октомври минатата година го извршиле убиството на Кашоги во Саудискиот конзулат во Истанбул.

Според тврдењата на Анкара, осомничените допатувале во Турција само со цел да го убијат Кашоги и „да се ослободат од неговото тело“.

Најавата на Интерпол уследи откако Турција денеска ја повика Саудиска Арабија да ги објави имињата на обвинетите за убиството на Кашоги и да ги обелодени обвиненијата против нив.

– Ја повикуваме Саудиска Арабија да му каже на светот кои поединци во моментот се на судење врз основа на обвиненијата, истакна портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Фахретин Алтун.

Турската полиција минатиот месец соопшти дека верува оти некои делови од телото на убиениот новинар можеби се запалени. И покрај истрагата што ја спроведе Турција во Конзулатот на Саудиска Арабија и на уште неколку локации, телото на Кашоги се уште не е пронајдено.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за убиството на Кашоги ги обвини лидерите на Саудиска Арабија и побара да се откријат локалните соработници.

Кашоги беше новинар на весникот „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови за властите во Ријад, поради што како наредбодавец на неговото убиство беше посочуван лично саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе