Филм & ТВ

„Interview With the Vampire“ наскоро станува ТВ-серија

13. март 2019 - 18:05 | Б.С.Б.

Стриминг компанијата Hulu најави нова серија заснована на култниот филм „Interview With the Vampire“ во кој главните улоги ги толкуваа Антонио Бандерас, Том Круз и Бред Пит.

Филмот од 1994 година е базиран според првиот роман на Ен Рајс „Interview with the vampire: Vampire Chronicles“. Со оглед дека станува збор за 11 книги, колку што има Рајс на располагање, има доволно материјал за серија. Писателката претходно изрази намера да почне со адаптација на романот „The Vampire Lestat“, но не е сигурно дали тоа ќе се реализира.

Продуцент на серијата е Ди Џонсон, а треба да се потврди дали некој од претходната актерска екипа ќе се појави и во новиот проект.

Се очекува со снимање да се започне во септември, во Будимпешта.

Коментирај