„Не сум респиратор... Ама дишам за вас“

Интервју со Lide Lide, најголемиот фан на Венко Филипче

Доколку сте изгледале барем две прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на корона-кризата, сигурно сте налетале на некој од креативните коментари на неговата најголема обожавателка Lide Lide. Низ времето, нејзините коментари станаа симбол на Live видеата од обраќањата поврзани со COVID-19, разведрувајќи ја негативната атмосфера во јавноста со изразување љубов кон министерот или некоја креативна покана за кафе, како на пример:

„Министре, не сум респиратор... Ама дишам за вас“


„Г-дине Венко, мерките попуштија, само вие за кафето не попуштивте. Со оваа топло-ладна ситуација добивам впечаток дека покрај кафето сакате и благо (топло-ладно)“

Токму поради ова, како што многу луѓе ги чекаат пресовите за да се информираат за најновите случувања поврзани со COVID-19, многумина со нетрпение го очекуваат и следниот коментар на Lide Lide.

Но, огромната популарност носи и негативни работи. Додека на некои луѓе целата ситуација со Лиде и Венко им е симпатична, другите сметаат дека Лиде не е вистинска личност, односно дека е „бот“ креиран за PR пропаганда по социјалните медиуми. За да откриеме што од ова е вистина, но и да добиеме појасна слика кои се мотивите за ваквиот пристап, решивме да поразговараме со Лидија од Скопје (презимето познато на редакцијата) на Messenger и да и поставиме неколку прашања:

Дали е Lide Lide вистинска личност?

Секако! Повистинска и пореална може да биде само мајка ми. За потврда, прашајте го мојот шеф на работа кој ме трпи цела вечност.
 

Кажи ни повеќе за тебе.
Со што се занимаваш освен со коментирање на прес-конференции? 🙂

Можеби ќе ве изненади ова, ама јас работам на место каде што многумина ме гледаат секој ден, ама не се свесни дека тоа е Lide Lide. Имам тезга на зелено пазарче. Се разбира, се зезам за ова! 🙂

Вистината е дека со цел да ја задржам мојата приватност по огромната популарност, не сакам да откријам што точно работам. Но, ќе ви откријам дека мојата работа е таква што на дневно ниво опфаќа справување со секакви будали, психопати, „хиени“ и мажи кои ме сметаат за конкуренција. Само, последниве месец дена сум полабава и работам со фини луѓе.

Што те поттикна да бидеш најредовен коментатор на Live видеата на Венко Филипче?

Не сум најредовна! Ваљда жена му е поредовна од мене. Хаха! Сѐ почна како зафрканција откако на една од прес-конференциите му пишав „Венко, да ти кажам дека си ми симпатија“, а потоа коментирањето прерасна во обврска и задоволство.

Фотографија од Lide Lide

Дали ги почитуваш мерките?

Кои мерки? 90-60-90? Не, попуштив малку околу струкот.
 

Си прекршила некогаш полициски час?

Не. Никогаш.
 

А за Венко би прекршила?

Ако ме викне на кафе - да! Вреди да се ризикува!
 

Што те импресионира кај министерот најмногу?

Венко ми е симпатија. Ми внесува смиреност и релаксација. Ме импресионира тоа што успева да остане сталожен према сѐ во вакво тешко време. Токму поради тоа, ги повикувам сите да ги почитуваат препораките на министерот – се работи за нашето здравје пред сѐ!
 

Како добар познавач на неговите јавни настапи, сметаш ли дека досега направи некаква грешка?

Да! Направи грешка што не најде време да ме поздрави на ниту еден прес досега, макар и на крајот. А ќе направи уште поголема грешка ако после ова лудило не ме покани на кафе.
 

Некои те обвинуваат дека си партиски бот за ПР пропаганда. Што велиш за тоа?

Реална сум. А на сите мои хејтери би им го дала следниот совет: Дај живејте малку, одржувајте редовни сексуални контакти и мијте си ги рацете.
 

Кафичите одамна се отворени. Зошто уште не го испивте долгоочекуваното кафе?

Во последно време изгледа напнато и мислам дека е премногу зафатен. Сигурно нема време. Ама, барем нека ми каже: „Лиде, само да средам неколку работи и ќе пиеме кафе“. Така ќе го разберам, коректно е.
 

Што ако случајно имате близок респираторен контакт?
Сепак, министерот за здравство е човек со многу контакти - се плашиш од коронавирусот?

Со сигурност тврдам дека можам да му верувам околу тоа, не се плашам. Воедно, барам Владата да издаде и протокол за близок контакт во време на корона-кризата. Ќе се најде.
 

Што би му порачала на министерот?

Му порачувам да се опушти малку. Еве, за почеток, предлагам да ме дружи почесто. Тој има насмевка од милион долари и не треба да ја крие - сакам почесто да го гледам насмеан.
PS: Венко, однеси ме што поскоро во првиот кафич или јас ќе ти донесам кафе во термос! ❤️

За крај, да се потсетиме на некои од легендарните коментари:

 

 

 

 

Тагови
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Интервју

Бојан Саздов: Неопходно е да излеземе од нашите тесни граници

Read more

Јана Бауер: Во Скопје се живее и дише литературата многу поинтензивно

Read more

Немаме доволно „мејнстрим“ медиуми заинтересирани за „писателцките работи“

Read more

Јовица Рафајловски, Saatchi & Saatchi Скопје: Предрасудите се рушат со идеи што провоцираат размислување и носат емоција

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе
  • filter

14 јануари 2005, сондата Huygens го направила најдалечното слетување од Земјата

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Читај повеќе