Интервју со Марин Костов – Муро

Извршен креативен директор и партнер, All Channels Communication Group, Бугарија

Наредниот месец се одржува Golden Drum 2019, еден од престижните европски фестивали за креативност и по тој повод направивме интервју со Марин Костов – Муро, кој е член на фестивалското жири и зема учество како говорник на овогодинешното издание.

  1. Бевте избран како еден од членовите на жири-комисијата на фестивалот Golden Drum 2019. Какво е вашето мислење за овогодинешното издание на фестивалот? Каква промена очекувате да поттикне?
  • Се надевам дека ќе ни помогне да ја промениме перцепцијата на „фестивалската креативност“ со тоа што ќе ѝ помогнеме на публиката да сфати дека фестивалот не поттикнува „храбри креативни идеи направени за да освојуваат златни статуетки“, туку „храбри креативни идеи кои им помагаат на бизнисите да процветаат“. Кога се наградуваат одлични креативни идеи кои ги решаваат проблемите на реалните клиенти, тогаш сите имаат корист од фестивалите.
  1. Каков е вашиот пристап како член на жирито? Како еден проект може да ви го привлече вниманието и да ве убеди дека заслужува да добие награда?
  • Ако одреден проект настапи со силен, но сепак неочекуван и примамлив пристап, ако понуди решение за брендот и потрошувачот, а притоа неговата реализација е добро изведена, тогаш верувам дека заслужува да биде награден. Лично јас уживам во идеи кои прават луѓето да се чувствуваат подобро, па веројатно токму тоа ќе се обидам да го пронајдам во победничките проекти.
  1. Вашата кариера во индустријата за комуникации се протега низ скоро две децении и во тоа време имате освоено многу награди. Низ годините, новите технологии и техники го променија начинот на работа, давајќи им на луѓето нови можности. Како дознавате за нови алатки и технологии? Дали можеби понекогаш сте скептичен околу користењето на новата технологија?
  • Партнери сме со неколку технолошки компании кои ни помагаат да останеме во чекор со времето и ги поддржуваат некои од нашите спортски и технолошки кампањи. Сепак, скептичен сум околу користењето на нова технологија кога единствената цел е само да бидам првиот кој ќе ја искористи. Ако на некоја идеја ѝ се потребни технолошки средства за да биде реализирана, тогаш е во ред да се користи, но длабоко во себе верувам дека иако технологијата го менува начинот на кој делуваме, не го менува начинот на кој ги чувствуваме работите. Затоа никогаш не почнувам со технологијата која можеме да ја искористиме, туку со утврдување на фактичката состојба на ситуацијата.
  1. Ако можете да споделите една работа со колегите кои работат во вашата гранка, која би била таа? Дали постои некое знаење, трик или совет кој сакате да им го пренесете на другите луѓе, особено на младите креативци?
  • Да се биде креативец во маркетинг индустријата значи да се биде затворен во меур со луѓе кои размислуваат слично како тебе и најчесто од времето, не размислуваат како просечниот потрошувач. Ве молам, обидетете се да излезете од меурот! Работете на терен, запознавајте вистински луѓе, обидете се повеќе да слушате, да ги разберете и да се соживеете со проблемите на другите. Тие се луѓето кои треба да ги импресионирате, а нивните проблеми се оние на кои им е потребно решение. Почнете да го правите ова и наскоро ќе најдете начин да ги импресионирате и фестивалските жири-комисии.

*Промотивен текст

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе