Интервју со Марио Милески, МДН Обезбедување: Имиџот и професионалноста на една компанија се рефлексија на личните особини

- Ние веќе го познаваме Марио, но сепак би сакале Марио да се претстави на нашите читатели и младите претприемачи. Како Марио би се опишал себе како личност и неговиот бизнис?

Марио: Веројатно е нескромно човек сам да се опише, затоа што сите во огледало си се гледаме субјективно, но верувам дека моите пријатели и околината ме карактеризираат како одговорен, посветен, истраен и исполнителен. Сигурно ова се особините кои се препознаваат во моето професионално работење, па така е поставен и мојот бизнис и односните со вработените и корисниците на услуги кои ги дава МДН Обезбедување. Себе си се доживувам како емотивно воздржан, ретко импулсивен, прилично рационален и разумен човек. Ама најблиските пријатели и семејството сметаат дека сум забавен и духовит, ведар и емпатичен. Токму тоа е и мојот следен предизвик, и оваа страна од мојот карактер да ја пресликам во однесувањето во мојата компанија, затоа што бизнисот и стручноста се важни, но работењето треба да ни е задоволство и да не прави среќни и исполнети.

- Бидејќи за претприемачите често се вели дека се луѓе кои имаат страст да решаваат проблеми и да им помагаат на луѓето, на кој начин вашиот бизнис им помага на луѓето и другите бизниси?

Марио: Приватното обезбедување како дејност или ако сакате бизнисот со кој се занимава мојата компанија МДН Обезбедување во огромна мера придонесува и е во функција на другите бизниси и на другите животи. Јас често знам да кажам дека додека Вие работите, уживате, додека сте на концерт, се забавувате и следите на фудбал на трибините, во училиште, во болница, кога одите на одмор, на свадба, ние работиме. На тој начин им помагаме на луѓето, им гарантираме дека еден сегмент од нивниот живот, а тоа е грижата за безбедноста на своите домови, канцеларии, фабрики, стадиони, молови и сл. можат да ни ја препуштат нам, а тие спокојно да се фокусираат на се останато.

- Кои се услугите на приватното обезбедување кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат? И на што треба да обрнат внимание оние кои сметаат дека безбедноста им е загрозена?

Марио: Физичкото обезбедување, кое го вршат работници за приватно обезбедување има најголем обем во портфолиото на приватната безбедност во нашата држава и секако во нашата компанија. Дополнително, мониторинг услугит, односно поставувањето на видео надзор во деловни и во приватни објекти е масовно застапено.

Треба да се напомене дека приватното обезбедување има првенствено превентивна функција, така што не би рекол дека за нас треба да размислуваат оние на кои веќе им е загрозена безбедноста, без оглед од која причина.

Мојата порака е дека за приватното обезбедување треба да размислуваат сите на ист начин како што размислуваат за приклучок на елементарните потреби (парно, струја и сл.). Кога грижата за безбедноста ќе се довери на професионалците, превентивната функција гарантира максимално успешен резултат, без натамошно загрозување на безбедноста, без стресови за корисниците.

- Постојат многу компании за обезбедување. Што е тоа што ја прави разликата со конкуренцијата во оваа дејност?

Марио: Ние сме семејна компанија, бизнисот го почнаа моите родители и јас растев со разговори за различни аспекти на безбедноста и на бизнисот. Во таа смисла, ќе си земам за право да кажам дека нашата компанија функционира како семејство. Во ова наше големо семејство сите сме поеднакво посветени, сите сакаме да направиме се што е најдобро и најмногу едни за други. Заради тоа, нашите вработени се лојални кон компанијата, но и кон нашите корисници на услуги. Нашите клиенти го препознаваат токму тој близок, искрен и одговорен однос.

Во исто време избирајќи ја оваа професија , свесно ја избравме безбедноста и во оваа област постојано стручно се надоградуваме, што за клиентите претставува гаранција за квалитет.

Нашата формула за успех е сублимат од професионални компетенции и стручност со личен, близок однос и грижа.

- Kои се главните предизвици со кои се соочуваат младите претприемачи во нашата среднина, посебно во економија каде тешко се наоѓа работа?

Марио: Во вашето прашање е изразен парадоксот на пазарот на труд во нашата држава, вие велите тешко се наоѓа работа, а ние констатираме дека тешко се наоѓаат работници. Оттука, најголемиот предизвик за мене лично и во нашата дејност воопшто е обезбедувањето и задржувањето на работната сила. Свесни сме дека тоа е проблем со кој и државата се соочува и очекуваме дека треба да има некое системско решение. А ние во компанијата имплементираме различни механизми за привлекување и задржување на квалитетна работна сила.

- Koи книги ве мотивираат како претприемач?

Марио: Биографиите на успешни личности за мене претставуваат извор на искуства, кои ми помагаат да отворам нови видици, да препознаам некои лични искуства во животите на личностите кои ги ценам, што ми служи како патоказ како треба или како не треба да се постапува. Сметам дека секој претприемач треба да се запознае со животот и искуствата на врвни личности како на пр.Стив Џобс, Ричард Бренсон, Џеф Безос, Ворен Бафет, Бил Гејтс и др.

Мотивациските книги, книгите за личен успех и личен напредок зафаќаат голем дел од мојата библиотеката. Читам за лидерство, комуникација, ефикасно работење … Робин Шарма, Тони Робинс, Брајан Трејси, Карнеги идр се автори чии дела треба секој претприемач да ги чита (и по неколку пати).....

- Кои топ 3 совети за успех би им ги дале на младите претприемачи?

Марио: 1. Постојано да вложуваат во себе, интелектуално, квалитативно, себеспознавачки на секој начин и во секоја смисла. Само со постојано надградување може да се очекува личен и професионален напредок.

2. Да бидат максимално активни. Сите ги имаме истите 24 часа во денот, ама успешните луѓе ги користат ефективно, динамично и без воздржување. Енергично треба да се дејствува во се што се прави и кога се работи и кога се ужива во плодовите од работата. Младите мора да се двигатели, не смеат пасивно да чекаат други да им „ги отвараат вратите“. Ние треба сами да грабиме кон успех со сите сили, со целата енергија.

3. Да придонесуваат за другите, да остават белег и да помогнат на други. Една од најголемите животни спознанија е човек да се грижи и за другите, да се помогне во заедницата, да се придонесе во општеството. Има различни форми, начини и барања, кој колку може, важно е да се има волја, да се покаже иницијатива и да се преземе некаква активност. Ако секој по малку придонесува за другите, светото ќе биде поубаво место за живеење.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Интервју

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more

Ерина Богоева: Ако се спасиме себе си, тогаш сме на чекор поблиску да го спасиме и светот

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе