ВТОРО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ РЕ-КУЛТУРА

Калина Качоровска: Секојдневното граѓанско учество треба да се подразбира за секого, особено за уметниците

Втората програмска година на фестивалот РЕ-КУЛТУРА, кој оваа есен повторно се одржува во Скопје, отвора нови хоризонти за промислување на позицијата на уметноста во општеството и односот помеѓу културното творештво и јавниот простор. „РЕ-КУЛТУРА#2“ галванизира бројни настани – перформанси, изложби, разговори и читачки акции – кои се стремат да ја надминат класичната граница помеѓу сцена и публика, повикувајќи на активно учество и критичка рефлексија.

Дводневниот фестивал за младинска, алтернативна и критичка култура ќе се одржи на 26 и 27 септември со целодневна програма во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ (програмата е достапна ТУКА). Зад оваа иницијатива стои тимот на „Култура бета“, колектив кој во последните години стана препознатлив по својата енергија да иницира дијалог и да отвора платформи за независни уметнички практики. Една од двигателките на овој процес е Калина Качоровска, која заедно со своите колеги и колешки го замислува и артикулира фестивалот како простор во кој уметноста не се консумира пасивно, туку дејствува во директна врска со предизвиците на секојдневието.

Во време во кое уметничкото творење сè повеќе се соочува со прашања за релевантноста, условите за работа и можноста да биде општествено корисно, РЕ-КУЛТУРА#2 ја поставува токму темата на ангажманот како централна. Тоа се надоврзува и со изданието на новото списание „Тригер“, кое настојува да отвори поширока критичка дебата околу улогата на уметниците како граѓани, културни работници и гласови што го артикулираат пулсот на сегашноста.

Интервјуто со Качоровска ја отвора можноста не само да дознаеме повеќе за концептот и програмата на овогодинешниот фестивал, туку и да погледнеме подлабоко во тоа како младата уметничка сцена во Македонија се поврзува со социјалните динамики.

Една од клучните цели на РЕ-КУЛТУРА е да ја покаже уметноста како општествен чин. Како гледате на улогата на уметникот денес – како творец или како активен граѓанин?

А зошто творецот да не биде активен граѓанин? Зошто да зборуваме за нив како два различни поими? Зарем не треба секој граѓанин да биде активен? Зборовите како ангажираност или општествена одговорност, ги третираме како нешто големо, како нешто на кое треба целосно да се посветиме, како активизмот да е професија и да е резервиран само за активистите. Сметам дека е смешно што имаме потреба пред граѓанин да додаваме опис, ете, овој граѓанин, за разлика од другите, е активен. Сите живееме во овој град, во оваа држава, во ова општество, па човечки, граѓански е за истите да се грижиме, да ги негуваме, да ги подобруваме, да ги реобмислуваме и кон истите да придонесуваме, без притоа да мораме да се карактеризираме како активисти или како општествено ангажирани индивидуи. Оттука, уметноста секогаш може да биде сфатена како општествен чин, затоа што секоја уметност го збогатува општеството.

Во програмата се нагласува важноста на колективната практика и заедничката акција. Кои се предизвиците и придобивките од таквиот пристап?

Овој пристап е главниот пристап со кој располагаме. Не можеш да се залагаш за алтернативна, независна, младинска или критичка култура како индивидуалец или самостојно, затоа што тоа се противи со вредностите за кои се залагаш. Предностите се јасни: преку колективна практика и заедничка акција создаваш поквалитетна уметност, култура и општество, затоа што тоа што го создаваш е збир на различни перспективи, ставови, вкусови; градиш солидарност која е клучна во јасно и јавно отсуство на институционална поддршка; создаваш заедница која се учи да соработува и да живее заеднички, што подоцна се пресликува и во секојдневниот живот, не само во творечкиот. Во однос на предизвици, првиот предизвик на овој пристап е да признаеме дека не е страшно колективната практика и заедничката акција некогаш да бидат проблематични.

На пример, треба да бидеме внимателни да не дозволиме „колективот“ или „заедницата“ да се претворат во затворен балон (меур) кој се грижи само за себеси и сопствените цели и кој ги слуша само сопствените размислувања, туку да биде отворен кон секаков тип на идеи, луѓе и искуства, дури и оние кои се навидум „неистомисленици“.

И сè додека сме свесни и активно ги премислуваме нашите колективни и заеднички практики и акции, ова е не само главниот, туку и единствениот пристап кој може да го имаме.

Дел од тимот на „Култура бета“ на првото издание на РЕ-КУЛТУРА

Списанието „Тригер“ настапува паралелно со ова издание на фестивалот. Како ова списание може да придонесе во продолжување на дијалогот што започнува на сцената и во јавниот простор?

Она што е за нас многу важно, ако не и клучно, кога станува збор за „Тригер“ е тоа што дијалогот кој го има пронајдено својот дом во онлајн просторот, се преместува, или, на некој начин, се враќа, во физичкиот свет. На теми кои ги нарекуваме општествено ангажирани во последно време како да пишуваме и разговараме само и исклучиво во дигиталниот простор, еве, „Култура Бета“, и веб-страницата и Инстаграм профилот се пример за тоа. Сега, со тоа што конечно го имаме нашето прво списание и прво физичко издание, истиве овие теми можеме да истовремено и буквално да ги допреме и за истите да поразговараме во живо, директно, очи в очи, без разлика дали на промоцијата на „Тригер“ или при разговорите кои ќе следуваат по тоа.

Културната независна сцена често се соочува со институционални и финансиски бариери. Како фестивали како РЕ-КУЛТУРА може да ја променат таа динамика?

Главниот дел од програмата на првото издание на РЕ-КУЛТУРА беше донаторскиот базар на стари книги, кои ни беа донирани и ги собиравме цел месец пред да се случи настанот. Со парите кои ги собравме од тој базар, како и со донациите од претпродажбата на „Тригер“ целосно го финансиравме првиот број на списанието, како и РЕ-КУЛТУРА #2. Така што, одговорот на ова тоа како фестивали како овој можат да ја променат таа динамика некако мислам дека можам да го поврзам со второто - преку колективна практика. Заедницата целосно ги финансирише и нашите тековни, но нашите две главни и големи активности оваа година и ова е доказ дека динамиката веќе се менува, или дури и дека веќе е сменета.

Институционалните и финанскиски бариери ги надминуваме со тоа што веќе не ги сметаме за важни, затоа што сме во состојба самите да ги поставуваме правилата по кои сакаме да играме.

Во каква насока сметате дека уметниците можат да го продолжат својот општествен ангажман и надвор од фестивалскиот контекст – преку образовни иницијативи, активизам или секојдневно граѓанско учество?

Секојдневното граѓанско учество треба да се подразбира за секого, особено за уметниците, чија уметност не мора нужно да биде општествена ангажирана сама по себе во однос на тематиката, но кои сепак се првите јавни толкувачи на денешницата. Токму затоа нивната општествена улога не завршува на фестивал, свирка, изложба, таму само почнува. Тие имаат можност (а и одговорност) да продолжат да влијаат преку своето присуство во очите на јавноста, во медиумите, на социјалните мрежи, но и преку сопствениот начин на живеење и секојдневното вклучување во заедницата.

Мислам дека вистинската сила на уметникот е токму во тоа што може да го поврзе уметничкото со човечкото, големото со секојдневното, и на тој начин да покаже дека општествениот ангажман не е некој апстрактен „формат“, туку нешто што се гради и живее постојано, и на сцена, и на улица.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Интервју

Ана Дишлиеска-Митова: Она навидум најличното, може да биде и најуниверзалното

Read more

Катерина Шекутковска: Секој човек треба да има пристап до квалитетна културна содржина

Read more

Бојан Саздов: Неопходно е да излеземе од нашите тесни граници

Read more

Јана Бауер: Во Скопје се живее и дише литературата многу поинтензивно

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Ципрас се враќа во политиката: Поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Читај повеќе
  • play_arrow

Јуве го моли Милан да не го остава сам во Лига Европа

Читај повеќе

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Читај повеќе

Чоло ќе го води Атлетико и следната сезона

Читај повеќе

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

Читај повеќе

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе
  • filter

18 мај 1804: Наполеон бил прогласен за император

Читај повеќе
  • play_arrow

Пуштени во продажба билетите за Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Пред 4 години играа во четврта лига, сега ќе бидат бундеслигаши

Читај повеќе