УРЕДНИЧКА И ОСНОВАЧКА НА ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „ИЛИКА“

Катерина Шекутковска: Секој човек треба да има пристап до квалитетна културна содржина

Тимот на „Илика“ на крајот на минатиот месец организираше одбележување на вториот роденден на издавачката куќа и кафе-книжарницата кои несомнено го сменија книжевниот пејзаж на Скопје. 

Откако одморивме од танцувањето, ги изгледавме сите фотографии, прочитавме дел од книгите што ги купивме со роденденски попуст и испивме многу чаеви и кафиња со мачките Елеонора и Дорин, разговаравме со основачката и уредничка на „Илика“ Катерина Шекутковска за предизвиците, но и убавините на издаваштвото во Македонија, заедниците што ги создава и креативните односи што ги гради „Илика“ и како идавачка куќа, но и како културен простор. Шекутковска вели дека „Илика“ секојдневно ја учи да биде „похрабра, поодлучна и појасна“, и за себе и за сите околу неа. 

Бројни изданија, настани, иницијативи, средби... Што за тебе значат овие две години?
 
Пред сѐ – радост. Навистина е предизвик накусо да се резимираат сите одржани настани и процеси кои се одвиваа во првите две години од постоењето на нашата кафе-книжарница, постојано проследени со неочекувана и безрезервна поддршка на заедницата, но и со предизвици од различен вид. За мене, овие две години беа години на многу учење и експериментирање, на балансирање помеѓу отвореноста за новото и постојаното навраќање на она што ми било важно уште од самите зачетоци. Но, овој временски период претставуваше и градење на простор во кој слободно ќе можам да го материјализирам досега наученото, каде што практично ќе можам да го вложам сето знаење што го стекнав низ повеќегодишното образование и низ различните професионални искуства. Благодарна сум што сум опкружена со соработници кои безрезервно и посветено се посветуваат заеднички да ја градиме „Илика“.  

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Илика (@ilika.books)

Која е издавачката политика на „Илика“? Каде се позиционира во македонскиот издавачки спектар? 

Ме радува што во изминативе години често се наметнува прашањето за издавачката политика на „Илика“. Еден од најубавите комплименти е да се забележи дека читателите ја гледаат онаа нишка која ги обединува сите приказни сместени меѓу кориците на нашите изданија. Покрај интересот за современата автофикција, колекција која изминатава година ја збогативме и со расказите на домашниот автор Стефан Алијевиќ, генерално, во поглед на белетристиката сме насочени кон издавање на автори и авторки кои содржински обработуваат актуелни општествено-политички теми и кои не се плашат да ги истражат во литературта користејќи инвентивни наративни постапки. Таа врска помеѓу содржината и формата е нешто што отсекогаш ме фасцинирало и цврсто сум уверена дека текстови (од секаков жанр) кои ги поставуваат овие два аспекти огледално еден спрема друг се поттикнувачки за читателите. Особено драга ми е поетската едиција чиешто креирање резултираше не само со петте прекрасни изданија, туку и со подлабоки вмрежувања со локални автори и авторки, кои, пак, придонесоа и до понатамошни соработки. 

Каде ја гледаш „Илика“ до првиот мал јубилеј - 5 години?
 
Посакувам „Илика“ да се шири, не и да расте по секоја цена. За тој мал јубилеј за три години отсега ја гледам „Илика“ како издавачка куќа која си останала верна на своите уверувања, но и созреала, со истото и поголемо внимание продолжила да се посветува на новите изданија и нивна промоција, а во книжарницата среќаваме сѐ повеќе нови луѓе кои се чувствуваат добредојдено да ни се придружат во разговорите за книги и на работилниците. Земајќи предвид дека најубавите нешта досега се случувале сосема непредвидено, драго ми е што имам можност да го осмислувам понатамошниот развој на „Илика“, но и со отворено срце и нетрпение ги очекувам изненадувањата кои ќе ни ги донесе иднината. 

Колку за вашиот тим е важно излегувањето од главниот град и дејствувањето и низ други градови низ земјата, како со избор на објавените автори, така и со настани?

Едни од најубавите настани на „Илика“ ѝ се случија токму надвор од главниот град. Искрено сум трогната од срдечноста и гостопримливоста со која секојпат сме пречекани во Битола, Прилеп или Охрид. За мене овие локални средби и проширувањата на познанствата надвор од главниот град се исклучително важни за воспоставување на поширока комуникација со публиката. Особено ми е драго што преку овие средби и настани запознав луѓе од различни локални иницијативи чијшто ангажман влијае многу во збогатување на локалната културна понуда, нешто што ми се чини особено важно во времиња кога ваквото делување на маргините се соочува со безброј предизвици од различен карактер. Низ разговор дознав многу за сензибилитетот на читателите/ките во други градови, но исто така наидов и на голема заинтересираност за понатамошни соработки, кои верувам дека ќе ги реализираме во текот на оваа година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Илика (@ilika.books)

Насловите што „Илика“ ги објави во превод изминатава година сериозно ја освежија понудата достапна во превод на македонски јазик. Што е следно од „преведувачката работилница“ на „Илика“?  
 
Изминатава година ја одбележаа неколку важни преводи кои верувам дека ќе се читаат и во 2026 година. Тука особено би ги истакнала „Дух во грлото“ од Дорин Ни Грофа, „Министерство за идина“ од Ким Стенли Робинсон како и теориското дело „Изворите на тоталитаризмот“ на Хана Арент, изданија кои излегоа кон крајот на 2025 година и допрва ќе бидат читани, дискутирани и промовирани во јавноста. 
 
Што се однесува до преводната литература планирана за 2026 година, засега можам да најавам збогатување на теориската едиција, како и нови преводи на дела од Ани Ерно и Едуар Луј. Годинава во план се и дела од автори кои досега не се преведени на македонски јазик, како романот „ Забранетата тетратка“ од извонредната кубанско-италијанска авторка Алба де Сеспедес, а кои верувам дека ќе им се допаднат на нашите читатели и читателки.

Просторот што го создаде „Илика“ - физичкиот и менталниот - многумина го опишуваат како „безбеден“, „топол“, „слободен“, „пријатен“, „другарски“... Кои се начелата по кои се водеше во градењето на „Илика“?
 
Секој човек треба да има пристап до квалитетна културна содржина, но и до простор во кој ќе се чувствува безбедно да се изразува слободно и креативно. Притиснати од брзиот начин на живот, неретко и од борбата да се спечали доволно за егзистенција, многумина се откажуваат токму од оние активности кои придонесуваат за нивниот интелектуален, креативен и личен развој.

Во изминативе две години во „Илика“ постојано запознавав луѓе кои трагаат по простор што ќе им го овозможи ваквиот развој: низ разговор за книги, креативно изразување или едноставно преку запознавање на нови луѓе. Би можела да набројам неколку начела по кои се водам за да го градам овој простор, но првенствено би се задржала на чувството за лична одговорност секојдневно да се дејствува во зацртаната насока и одржување на континуитет и доследност без разлика на надворешните околности.


 
Многупати сум размислувала каква улога има другарството во сето ова. Кога работата што ја вршите е во доменот на духовната, уметничката и интелектуалната надградба, несомнено е дека ќе влезете во другарски однос со својата публика и со своите соработници. Во таа смисла, „Илика“ е далеку од простор со строго курирана содржина – таа е просторот што го создаваме заедно градејќи ја оваа другарска релација во која има место и за разговор, за прекор, за поддршка, за заеднички раст.

 

Покрај издавачката дејност и работата на кафе-книжарницата, „Илика“ неуморно работи и на поддршка и охрабрување на пошироката заедница преку средби, уреднички работилници, книжевен кружок... Овие настани не се само можност за размена на идеи, ами и ресурс од заедницата за заедницата. Колку ти е важно тоа „заедничарење“?
 
Покрај едукативниот карактер на кружоците и работилниците што ги организираме во „Илика“, сметам дека настаните имаат еден исклучително важен аспект: сфаќаме дека има свет надвор од она што ни е познато, учиме да бидеме трпеливи и да го почитуваме другиот. На самите настани често среќавам луѓе што не се занимаваат професионално со книжевност, луѓе кои првпат зборуваат за некоја книга на средба со непознати луѓе, а и онакви кои со години тајно си пишувале за себе и конечно се решиле да го споделат тоа со некој друг. Светот нѐ присилува да ги потценуваме овие мали форми на охрабрување во секојдневието, бидејќи на многумина им се чинат навидум бесмислени, но ѝ не тера на нездрав начин да се занимаваме исклучиво со себе и да се криеме во кругови на наводни истомисленици. Во една исклучително поларизирана и атомизирана средина, има нешто бунтовничко во таа отвореност да се поканат сите, но и во храброста да се „упадне“ во непознато друштво. Секојдневно се обидувам – кај себе и кај другите – да го разгорувам жарот на љубопитноста за непознатото. Сѐ друго ми се чини бесмислено.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Илика (@ilika.books)

Кои беа најпопуларните наслови што ги објави „Илика“ во 2025 година, во различни жанрови?

„Годините“ на француската нобеловка Ани Ерно несомнено беше еден од најпопуларните наслови во 2025 година што излезе во наше издание. Покрај тоа, важно е да ги споменам и романот „Тирза“ од Арнон Грунберг и „Суспендирана итност“ од Ивана Хаџиевска, двете наши најпрадавани книги на Саемот на книгата во 2025 година. Конечно, би сакала да ги истакнам и изданијата во поетската едиција, поетските збирки на Шопова, Спасовски, Тодоровска и Улчар, кои исто така беа одлично прифатени од страна на читателската публика. Ја користам можноста да им се заблагодарам на сите верни читатели, на онаа мала, но прекрасна заедница што нема пропуштено наше издание и нѐ охрабрува да продолжиме понатаму.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Илика (@ilika.books)

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Интервју

Катерина Шекутковска: Секој човек треба да има пристап до квалитетна културна содржина

Read more

Бојан Саздов: Неопходно е да излеземе од нашите тесни граници

Read more

Јана Бауер: Во Скопје се живее и дише литературата многу поинтензивно

Read more

Немаме доволно „мејнстрим“ медиуми заинтересирани за „писателцките работи“

Read more
 

Ново

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе
  • filter

Автомобил на иднината: Renault со вграден алкотест

Читај повеќе

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе