ВО ПРЕСРЕТ НА 13. ПРО-ЗА БАЛКАН

Хана Корнети: Не мислам дека како автори должиме некому нешто во изборот на теми или стилови

Со Ненад Стевовиќ и Александар Маџаровски на промоцијата на „Каде леташ, Јулија?“ во „Буква“

Македонската книжевност денес се наоѓа меѓу предизвиците на квантитетот и квалитетот, меѓу молкoт на критиката и гласот на разновидноста. Хана Корнети, авторка позната по внимателниот однос кон формата и јазичниот израз, ги осветлува тие тенки линии од кои се плете современата литература. Таа истакнува дека книжевната продукција често се движи во атмосфера на несразмерна понуда и недостаток на силно критичко ехо, но и дека особеноста на македонската проза лежи во нејзината хетерогеност и отвореност кон светот. За Корнети, улогата на писателот не е патување на мисионерска културна задача, туку личен, искрен одраз на животот и јазикот што го живее. Нејзиниот став предизвикува размислување за вистинската вредност на авторството во време кога зборот патува многу понатаму од границите на мајчиниот јазик.

Корнети ќе биде гостинка на 13. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе се одржи од 21 до 23 септември во Скопје. Годинава лауреат е најпреведуваниот словенечки писател Евалд Флисар, а покрај него и Корнети, гости на фестивалот ќе бидат српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и поетесата и романсиерка Лидија Димковска.

Во пресрет на фестивалските денови, разговаравме со Хана Корнети, авторка на збирките раскази „Млечни заби“ (2021) и „Каде леташ, Јулија?“ (2025), како и романот за деца „Илина и шумските тролови“ (2023), сите во издание на „Или-или“.

Фото: Наташа Атанасова

Во јавноста често слушаме дека македонската книжевност е млада и свежа, но во исто време и недоволно поддржана. Каде Вие ја гледате нејзината најголема сила денес, а каде најголемата ранливост?

„Личен впечаток ми е дека имаме хиперпродукција на книги, така што таа ‘недоволна поддржаност’ не би рекла дека се однесува на пристап до издавачки куќи или (дури и) финансиска поддршка, иако не само тука тука и на глобално ниво, истата е доста лимитирачка. За жал, има и издавачи кои сметаат дека да ти издадат книга е чест и е срамно да се праша за хонорар, било тоа од Министерство за култура или процент од продажба. За среќа, лично не сум работела со такви.“

Корнети вели дека ѝ се чини дека има издавачи кои „штампаат книги без некој обѕир за квалитет“, водени од „бизнисменска логика и лични односи наместо книжевен сензибилитет или издавачка политика“. Во тој контекст, го нагласува недостатокот на критика, „освен мал број борци во и надвор од мејнстрим медиумите“.

„Како што сумира Наташа Атанасова, на крај остануваме со голема понуда, а недоволно филтри меѓу сите тие книги и читателот, односно, нема доволно рецензии и препораки кои би ѝ помогнале на читателската публика да бира што ќе чита. Ама ова колективно го ‘дрвиме’ со години така што сама себе минус ќе си ставам што се повторувам“, потенцира Корнети, поентирајќи:

„Голема предност би рекла дека е што сме доста хетерогени во изразите и темите, така што за мала земја, нудиме богата лепеза.“

Современото авторство веќе одамна не е само домашен чин – книгите патуваат преку преводи, дигитални платформи и фестивали, а авторот станува и амбасадор на културата. На прашањето како лично ја доживува таа улога – дали како предизвик или притисок – Корнети е брутално искрена:

„Не сум кадарна да го одговорам ова затоа што сум далеку од толку етаблирана за да имам размислувано за мојата евентуална улога како амбасадор на култура. Сепак, не мислам дека треба да е свесна работа или улога на автор да размислува како ќе си ја претставува културата во странство“, вели  таа и додава:

„Јазикот на кој пишуваме е јазикот во кој живееме, културата во која живееме, така што неминовно е нашите дела да го одразуваат тоа. Но, не мислам дека должиме некому нешто во изборот на теми или стилови.“

Таа верува дека е можно авторот да остане фокусиран исклучиво на пишувањето без да се впушта во таа јавна мисија. Во тие неколку наврати кога гостувала во странство, вели дека едноставно го претставувала своето творештво.

„Ако некој покрај тоа донел заклучоци за Македонија, кул. Ако не, исто така кул. Иако писателите индиректно ја претставуваат културата и потенцијалот на својата земја, ние сме далеку од хомогена маса. А колку сме репрезентативни за нашата култура, кажува само времето.“

Со Ана Галант во Пазин (фото: Андреја Гојтаниќ)

Фестивалот ПРО-ЗА Балкан веќе се етаблира како едно од ретките места каде писателите од Балканот активно се среќаваат, читаат и разговараат. Што за Вас значи овој дијалог со колегите од регионот?

„Па писателите се луѓе, така што, со некој ќе кликнеш, со некој не. Во секој случај, ваквите прилики се вредни и ги ценам. Затоа и сум благодарна на поканата да учествувам во овагодишното издание на ПРО-ЗА Балкан“, вели Корнети, спомнувајќи ги познанствата со автори кои ги остварила на гостувањата досега.

„Во Белград се запознав со две личности кои многу ми се допаднаа – и како писатели и како луѓе, Мирјана Ѓурѓевиќ и Стефан Митиќ. Во Пазин, се запознав со Ива Бејзиновиќ-Хајдон и Енвер Кривац, кои исто така ми се допаднаа и како писатели и како луѓе. А во моето скромно искуство, некој да те бендиса по овие два параметри истовремено е ретка и вредна работа. Така што, запознавања со автори од регионот кои ќе ти се погодат се супер и сами по себе, како добри дружби, а згора тоа и оставаат простор за споделување искуство и помош – од поврзување со издавачи до препораки за која коноба во Истра не смее да се пропушти.“

Со Владимир Арсенијевиќ во Белград (Фото: Наташа Атанасова)

Во Вашите дела се чувствува една силна грижа за формата и специфичниот авторски глас. Како ја гледате иднината на македонската проза – дали може да се изгради еден препознатлив современ стил што ќе ја направи видлива и надвор од националните рамки?

„Секако дека може! Но, исто така, превод е многу специфична работа, особено кога изразот на авторот е длабоко вкоренет во самиот јазик, особено кога станува збор за жив, колоквијален јазик, особено бидејќи истиот е обременет со локалната култура. Мислам дека е неминовно нешто од шармот да се изгуби, но тоа не е погубно. Предизвикот на инвентивните преведувачи е да дадат нов шарм. Истовремено, верувам дека тие културни специфичности се дел од дражот кога се чита преведена литература, во земјите надвор од матичната на писателот. Во секој случај, ако треба да генерализирам, претпоставувам дека делата најцелосно може да се ценат на јазикот на кој се напишани, а најдобар јазик за пишување е јазикот во кој авторот живее.“

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Интервју

Д-р Наталија Орлиќ: Колку повеќе технологијата напредува, толку поважни стануваат човечките вештини

Read more

Ана Дишлиеска-Митова: Она навидум најличното, може да биде и најуниверзалното

Read more

Катерина Шекутковска: Секој човек треба да има пристап до квалитетна културна содржина

Read more

Бојан Саздов: Неопходно е да излеземе од нашите тесни граници

Read more

Ново

Хуманоидниот робот на Boston Dynamics сам си ја менува батеријата и продолжува да работи

Читај повеќе

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Колку пати дневно треба да ја храните вашата мачка?

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Читај повеќе

Трчање на лента или на отворено: Што е подобро за кондиција?

Читај повеќе

Кина ќе гради станица на Месечината со помош на четириножни роботи

Читај повеќе