ДИМЧЕ КАНЕВЧЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТ ОХРИД

Моќта на солидарноста: Заедницата кај нас е веќе мобилизирана!

Во свет каде предизвиците за лицата со дијабет се секојдневие, а стигмата и незнаењето сè уште постојат, малите здруженија се клучни двигатели на промени. На шестиот донаторски кружок организиран од Конект, за само еден час беа собрани 683.000 денари за три граѓански организации, Здружението на лица со дијабет Охрид, До бебе по пат на ИВФ и ХОПС - Опции за здрав живот. Настанот, што се одржа во Македонски Телеком, обедини повеќе од 120 граѓани и компании во заедничка мисија да се помогне таму каде што е најпотребно.

Здружението на лица со дијабет Охрид, според Димче Каневче, не е само глас на охриѓани кои живеат со оваа состојба, туку и двигател на промени во заедницата.

„Нашата идеја беше да влеземе во училиштата и да зборуваме за дијабетот, но стигмата што постои нè пренасочи кон акцент на исхраната, навиките и спортските активности, преку кои полесно се стигнува до темата дијабет,“ вели Каневче. Оваа отвореност и искреност ја прави организацијата особено важна за локалната заедница.

Кога се приклучил во здружението, Каневче бил изненаден од тоа колку разговорите биле насочени кон недостатокот на инсулин, игли и лекови. „Се прашав ‘Што ќе правам јас во ова здружение сега?’“, споделува тој. Но, со текот на времето, фокусот се променил: „Веќе речиси две години подоцна за тоа не разговараме. Секоја средба е ‘Што е следно?’, ‘Кога на планина?’, ‘Кога на базен?’, ‘Кога ќе имаме едукација?’... Луѓето сфатија дека целта е да се менува нивниот квалитет на живот, а не само да се зборува за болеста.“

Во 2024 и 2025 година, здружението реализираше бројни активности: едукативни предавања, спортско-рекреативни настани, работилници за здрава исхрана, патувања, мерења на шеќер, средби со други здруженија, семинари, изложби и еко акции. За членовите, по повод различни празници, обезбедени се бесплатни стоматолошки прегледи, релаксирачки третмани, мерења на притисок, шеќер, холестерол и очни прегледи. Сите активности се реализирани со волонтерски ангажмани и донации од материјални добра и услуги, а стручните лица што ги водат активностите се веќе пред сè пријатели и соработници на здружението.

Организацијата е формирана уште во 1989 година, но долго време не била активна. Каневче објаснува:

„Една од причините зошто се вклучив е за да ја активирам, бидејќи имам долгогодишно искуство во други организации. Претходно сум бил ангажиран од Конект како обучувач за собирање средства и локални ресурси, потоа бевме дел од нивни обуки како новоактивирана организација, го видовме повикот за Кружокот и аплициравме.“

Целта им била да соберат 300.000 денари, бидејќи изработиле програма што чини околу 550.000 денари, а дел од средствата веќе биле обезбедени преку локални ресурси. Заедно со донираните средства, ќе можат оптимално да ги реализираат сите активности.

Додека чекаат одговори за донации од неколку локални компании, граѓаните може да продолжат да донираат на кампањата на платформата Оп-оп. Каневче нагласува дека првенствена цел е да се обезбедат средствата, а потоа ќе се види што може да се искористи од услуги и добра, бидејќи дел од потребите се покриваат и на тој начин.

Кога зборува за стигмата, Каневче вели дека идејата била да се влезе во училиштата и да се зборува за дијабетот, но поради бариерите што постојат, акцентот го ставиле на исхраната, навиките и спортот. „Работам со една повозрасна група на луѓе, но научив многу и затоа останав таму“, истакнува тој. Смета дека истото ќе го направат и со училиштата во Охрид, бидејќи можеби за прв пат ќе се зборува за дијабетес, но како една превртена приказна: „Како да не дојдеме до дијабетес, да не дојдеме до боцкање, да внимаваме на исхраната?“

Планираат да ги опфатат сите основни училишта во Охрид и уверен е дека ќе има успех и интерес.

„Целта е да се вклучат што повеќе деца, што повеќе родители и наставници и ќе видат дека целта е здрав живот преку исхрана, активности, едукација... Училиштата каде идејата ќе фати корен, ќе станат дел од еден, како што го замислуваме, ДИЈА КЛУБ... Разговараме со Ресен, Битола... ова да стане една пракса што ќе се применува и низ цела Македонија.“

На прашањето како граѓаните можат да помогнат, Каневче подвлекува дека сите активности се водени од стручни лица кои волонтерски се приклучиле, а сè е реализирано без ниту еден денар, туку со волонтерски ангажмани и донации од материјални добра и услуги.

„Тоа зборува дека заедницата кај нас е веќе мобилизирана! Луѓето не мора да донираат само пари – нивното слободно време, ресурсите, просториите, вештините, знаења се скапоцени. Многу луѓе се вклучуваат и даваат придонес. Сите кои дошле еднаш, се желни да дојдат повторно бидејќи ја почувствувале енергијата на заедницата. Секој денар е добредојден, но човечкиот фактор е клучен. Најдобриот апел што можам да го упатам е: секој кој има желба, време, знаење, ресурси нека се приклучи и нека биде со нас.“

Здружението не застанува тука. Планот за 2025 година е да се реализираат интерактивни едукативни работилници и спортско-рекреативни часови во шест основни училишта во Охрид, со вклученост на над 600 ученици, 200 родители и наставници, поставување катчиња за поддршка и формирање дија-клубови за превенција – модел што може да се примени низ цела Македонија.

Каневче е уверен: „Секоја донација, секој волонтерски час, секој збор поддршка го менува светот на децата и возрасните со дијабет во Охрид. Придружете се – гласот е посилен кога сме во хор!“

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Интервју

Наташа Гелева – Лени: Културата никогаш не зависела примарно од удобните институционални рамки

Read more

Урош Ѓоровиќ: Бескрајно сум одушевен од начинот на кој функционира младата македонска сцена

Read more

Мајк Дауни: Пораките во уметноста треба да се прошверцуваат, а не да се попуваат

Read more

Д-р Наталија Орлиќ: Колку повеќе технологијата напредува, толку поважни стануваат човечките вештини

Read more

Ново

Дали државата повторно ќе се обиде да ја погуби Криста Пајк? 

Читај повеќе

Бензините и дизелот со исти цени, поскапува само мазутот

Читај повеќе

Поранешниот англиски шампион бара нови газди од дното на третата лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Читај повеќе

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Читај повеќе

Артан Груби излегува од притвор

Читај повеќе

Продажбата на телефони паѓа, а цените скокнаа за 20%

Читај повеќе

Како да постапите ако некој колабира пред вас?

Читај повеќе