СЕРИЈА А 2019/20

Инѕаги: Да не беше прекинот, Лацио ќе беше шампион

Филипо Инѕаги застана во одбрана на својот помал брат Симоне, кој го води Лацио, изјавувајќи дека поради прекинот на сезоната Лацио изгубил континуитет и тоа е единствената причина поради која ја губи битката за Скудетото.

„Лацио до март играше во висок ритам. Симоне за седум дена ги подготвуваше натпреварите прецизно до најмал детаљ, работа што Јувентус, поради ангажманот во Лигата на шампионите, не можеше да го прави. Тоа беше круцијална предност, не сметајќи ја и римската публика која секогаш одлично ја играла својата улога“, смета поранешниот голгетер.

Лацио синоќа изненадувачки загуиби на гости кја Лече и остана на минус 7 од лидерот Јувентус.

„Сонот на мојот брат на почетокот од сезоната беше да го однесе Лацио во Лигата на шампионите, но јас сум убеден дека доколку не беше принудниот прекин, тој ќе го освоеше Скудетото“, вели Пипо, кој сезонава е тренер на Беневенто.

До моментот на прекин и онаа победа над Болоња на „Олимпико“, Лацио нанижа 21 победа по ред, низа која почна после поразот од 1:0 од Интер на „Меаца“. Сега, Лацио за 15 дена три пати загуби (од Аталанта, Милан и Лече).

„По три месеци пауза од фудбал, работите тотално се променија. Симоне не располага со тим кој може да му дозволи да игра трипати неделно, спротивно од Јувентус кој од таа гледна точка е во голема предност. Жал ми е за мојот брат“.

Со оглед на тоа што Беневенто веќе изгори пласман во Серија А, браќата Инѕаги ги чека тренерски дуел наредната сезона.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе