УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Инѕаги: Играњето со Баерн ни е награда за петгодишниот труд

Вечерва римски Лацио го пречекува бранителот на тронот Баерн во натпревар во кој ќе се соочат и двата надобри напаѓачи на Стариот континент.

По големиот пост Лацио сезонава повторно настапува во елитата на европскиот фудбал. Дури и ја мина фазата по групи, а сега во осминафиналето го чека двобој против најдобриот, европскиот и свретскиот шампион Баерн.

„Преубаво е, ова е кулминација на петгодишната заедничка работа со оваа прекрасна група. Ќе се обидеме да го одиграме натпреварот со позитивен безгрижен карактер и за нас карактеристичната смиреност“, рече тренерот Симоне Инѕаги на официјалната прес-конференција.

Баерн доаѓа во Рим после една мини-криза во Бундеслигата каде на два натпревара освои само бод.

„Баерн штотуку стана светски шампион, забележа реми и пораз во последните два натпревара, но после пет последователни победи“.

„Долго време како знаевме дека конечно ќе ни дојде ваква ноќ. Од завчера мислиме на овој натпревар. Ова е шлагот на тортата за работата која ја направивме“, гордо вели Инѕаги.

Прашање е како Лацио ќе му се спротивстави на моќниот Баерн. Традиционалната напаѓачка игра на „Бјанкочелестите“ против германската машинерија може да се покаже погудба.

„Јас работам врз основа на силината на Лацио, не врз основа на слабостите на Баерн. Ќе се обидеме да го прикажеме најдоброто од нас. Сакаме да бидеме во игра секаде. Свесни сме дека тие се тим против кој е речиси невозможно да се игра, но и во минатото во вакви натрпревари сме покажале добра игра, иако не сме биле фаворити“.

Во Рим ќе се врати поранешниот напаѓач на Лацио, Мирослав Клосе, кој од 2011 до пензионирањето во 2016 ги бранеше боите на овој клуб. Токму во неговата последна сезона Инѕаги ја почна тренерската кариера. Сега Клосе е помошник тренер во таборот на Ханси Флик.

„Мило ми е што повторно ќе се видиме, тој многу ми помогна во моите први натпревари како тренер. Ми имаат кажувано убави работи за него како тренер, но верувам дека можеме да се справиме со натпревари како овој на најдобриот можен начин“.

Дуелот на Лацио и Баерн ќе биде и дуел на едни од најдобрите голгетери на светот, Чиро Имобиле и Роберт Левандовски.

„Тие се двајца вонсериски напаѓачи. Имобиле ја освои Златната копачка, нешто поради кое сме горди. Левандовски ја освои Златната топка...“

Натпреварот почнува во 21 часот на „Олимпико“ во Рим, а правдата ќе ја дели израелскиот судија Орел Гринфелд.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе