СЕРИЈА А 2021/22

Инѕаги: Навивачите повеќе уживаат во мојата отколку во играта на Конте

Стратегот на „Нераѕурите“ објаснува како го подобри тимот кој го наследи од Антонио Конте, давајќи им повеќе слобода на играчите и добивајќи комплименти од навивачите поради атрактивниот фудбал.

Симоне Инѕаги откако ја затвори есенската полусезона како лидер на табелата, седна на долго интервју со најтиражниот италијснски дневем весник, La Gazzetta dello Sport.

„Читам само Инѕаги ваму, Инѕаги таму, но она зимски шампион не е титула. На добар пат сме, но ова е само почеток. Бев задоволен и во октомври кога бевме далеку од врвот. Тоа е бидејќи ќе налетав на навивачи низ град кои му кажуваа дека им се допаѓа начинот на кој играме, дека со мерак доаѓаат на стадион. Тоа е најважниот комплимент за еден тренер“, задоволно вели Инѕаги.

„Ќе си дозволам да кажам и дека со стучниот штаб верувавме дека ќе направиме големи работи уште на првиот тренинг во јули“.

Многумиона велат дека Инѕаги наследи тим изграден од Конте кој само го нашминка правејќи го забавен за око, но и непредвидлив. Но, најважно од сѐ, самите играчи му поделија комплименти поради слободата која им ја дава во играта, за разлика од Конте кој беше обвинуван дека како со даљинско да ги контролира од клупата.

„Модерниот фудбал е пред сѐ окупирање на простор. Така да на играчите им давам слобода сами од одлучат кој е вистинскиот момент за акција. Сега кога публиката е назад на стадоните тренерите можат да допрат до играчите само преку пренос на пораки“, обаснува тој.

„Можеме да организираме дефанзивни и офанзивни потези, што го правиме преку тактички ад-хок видео сесии, но одлуките на крајот се на играчите. Фудбалскиот натпревар е колекција на избори, најдобрите ги прават оние кои освојуваат трофеи“, мудро додава.

За разлика од Конте, Инѕаги тимот многу почесто го ротира и вади повеќе од играчите кои му се на располагање, вклучувајќи и пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Оној што најмногу ме изненади беше Андреа Ранокија. Моравме да победиме протв Наполи и Шахтар, го немавме Стефан Де Врај, но Ранокија одигра како вистински интериста. Истото важи и за Роберто Гаљардини, така да кога ќе се свртам кон клупата знам дека можам да сметам на секого“.

„Се обидувам да зборувам со играчите, навистина да имам однос со нив. Во денешниот фидбал мотивацијата може да ја направи разликата“.

Еден од големите успеси на Инѕаги е што успеа да направи нешто што неколкумина тренери на Милан не можеа да го направат, односно да го извади најдоброто од Хакан Чалханолу. Турчинот дојде во Интер како замена за Кристијан Ериксен кој поради проблемите со срцето не смееше да игра фудбал на Чизмата.

„Мислам дека неговата природна позиција е во средината со тројца играчи. Тој има квалитет и квантитет, дели предиспозиции со Луис Алберто во Лацио. Убеден сум дека Ериксен добро ќе се вклопеше во мојот начин на игра“, заврши тој.

Следниот предизвик за Инѕаги и неговиот Интер е Болоња кај која гостуваат на 6 јануари во првото коло по кратката зимска пауза.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе