Инженерите во Twitter можат да твитаат од кој било профил

Twitter „доби“ нов дојавувач, поранешен вработен кој предупреди за безбедносни проблеми, пишува The Washington Post.

Дојавувачот разговарал со Конгресот и Федералната трговска комисија и рече дека секој инженер на Twitter сè уште има пристап до внатрешна програма, некогаш позната како GodMode, која им овозможува да твитаат од кој било профил.

Режимот GodMode, кој сега е преименуван во privileged mode“, сè уште е на лаптопот на секој инженер кој сакал да го има, а потребна е само едноставна промена на кодот. Скриншотови на кодот, кои беа вклучени во октомвриската жалба поднесена до FTC, покажуваат предупредување до секој што ќе се обиде да го искористи, кое гласи THINK BEFORE YOU DO THIS  (РАЗМИСЛИ ПРЕД ДА ГО НАПРАВИШ ОВА).

Ова не е првпат безбедноста на Twitter да биде доведена во прашање. Во 2020 година, тинејџери ги хакираа внатрешните системи на компанијата и испраќаа лажни твитови од профилите на американскиот претседател Џо Бајден, поранешниот претседател Барак Обама, сегашниот сопственик на Twitter, Илон Маск и други.

Директорите на Twitter во тоа време тврдеа дека го решиле проблемот и лансирале „сеопфатна програма за безбедност на информации дизајнирана да ги заштити безбедноста, приватноста, доверливоста и интегритетот на нејавните информации на потрошувачите“.

Сепак, првиот дојавувач од Twitter, Пеитер Затко, тврдеше дека тоа не е вистина. Друг инженер тогаш рече дека GodMode е широко достапен.

Twitter повторно отвори истрага поради новата жалба, а беше откриено дека инженерите имале можност да ги избришат и обноват твитовите на секој корисник. Исто така, Twitter не може да евидентира кој користи или злоупотребува некоја од посебните привилегии.

FTC наводно ги истражува поранешните вработени на Twitter за новите обвинувања.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Интернет

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more
 

Гик

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе