iPhone Xs има одлична камера, но таа сепак не е најдобра на пазарот

Новите модели на iPhone пристигнаа, но не привлекоа толку големо внимание како што беше тоа случајот со минатогодишната промоција на iPhone X. Сепак, новитетите и подобрувањата се забележителни, а камерата на новите модели е една од работите кои навистина се истакнуваат.

Критичарите би сакале да кажат дека камерата на смартфоните на Apple повеќе не е на врвот на листите, бидејќи производителите од целиот свет работат на наоѓање револуционерни технологии, додека Apple е задоволен со мали подобрувања на веќе и онака добрата камера.

На критичарите би можеле да им кажеме дека тоа не е сосем точно. Да, големите компании произведуваат одлични смартфони со моќни камери, но тоа не значи дека Apple не ги опремува своите смартфони со врвна камера и одлични леќи. Магазинот The Verge реши да ги стави на тест камерите на неколку популарни модели од најдобрите производители во светот, а резултатите веројатно ќе ве изненадат.

Во споредба со iPhone X

Во споредба со iPhone X, новиот iPhone Xs има далеку подобра камера. Новиот модел на Apple има ставено фокус на деталите во фотографијата, рабовите и текстурите се многу појасни и почисти, а леќите изгледаат професионално. Најголемото подобрување на камерата се наоѓа во новата карактеристика Smart HDR, која ѝ овозможува на камерата да направи неколку фотографии, кои подоцна ги групира во една финална фотографија која е почиста и пофина.

Во споредба со Samsung Galaxy S9

Камерата на моделите на Galaxy низ годините стана заштитен знак за уред во кој може да се има доверба и ги натера останатите производители да ги следат новитетите кои Samsung ги воведуваше од година во година. Во споредба со Galaxy S9, новиот iPhone X има помалку моќна камера, но барем не ги прави фотографиите вештачки, како што е случајот кај моделот на Samsung.

Во споредба со Pixel 2

Откако се појави на пазарот во октомври 2016, Google Pixel ја има најмоќната смартфон камера во светот. Заедно со Huawei P20 Pro, камерата на Pixel 2 ви ја нуди можноста да ги направите најдобрите фотографии, без разлика на периодот од денот и светлината околу вас. Камерата на iPhone Xs сигурно не може да се натпреварува со онаа на Pixel 2, но предноста на уредот на Apple е во тоа што Google Pixel 2 се продава на ограничен број пазари и е многу тешко да се поседува. Така што, барем во случајот, квантитет > квалитет.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе