IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Насловот на порталот на српската телевизија B92 „Србите и Албанците се меѓу најглупавите народи во Европа“ ги налути нашите соседи.

Под линкот со објавата на Facebook има стотици коментари на гневните Срби за мапата што ги вброи меѓу најглупавите народи во Европа со нивните вековни непријатели, Албанците.

Но, за што се работи?

Порталот B92 објави мапа на Европа со просечни вредности на коефициент на интелигенција за сите европски народи, а картата покажува дека Србите, Црногорците и Албанците се нациите со најнизок просечен коефициент на интелигенција во Европа.

Мапата ја изработи чешкиот лингвист Јакуб Маријан, а користеше податоци од истражувањето на Британецот Ричард Лин и Тату Ванханен од Финска, кои ја објавија книгата „Интелигенција: Единствен конструкт на општествените науки“.

Според табелата што ја добиле, состојбата во Европа е далеку подобра и порамномерна отколку во неразвиениот дел на светот, каде овие вредности понекогаш се под 70, додека, на пример, САД имаат просек од 97.

Оваа книга, покрај класификацијата на народите по интелигенција, укажува и дека коефициентот на интелигенција е во голема мера поврзан со перформансите на поединечни нации на тестовите како PISA или TIMSS, кои го мерат образованието на населението.

Меѓутоа, истражувањето на Лин и Ванханен на кое се базираат мапите, а особено во однос на потенцијалните последици од поделбата на народот на поглупави и попаметни, е остро нападнат од други научници како методолошки проблематични.

Според овие заклучоци и картата која се шири на социјалните мрежи, просечната интелигенција на граѓаните на Македонија е 91, на Србија е 90, на Босна и Херцеговина 93, на Хрватска и Словенија 98.

Поглупи од Србите, според оваа карта се само Црногорците со 83 и Албанците со 82, што е најнизок коефициент на интелигенција во Европа. Грција и Бугарија имаат 93, Украина 94, Полска 96, Шпанија 97 и Русија 97.

Според оваа карта, најинтелигентни се народите од Западна Европа. Франција и Норвешка имаат 98, Германија, Шведска и Обединетото Кралство 99. Најинтелигентни луѓе се Финците, со просек од 101.

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Чек дис аут

Зошто авионите не слетуваат на трева?

Read more

Топ 10 снимки каде наводно вонземјани се фатени на камера

Read more

Зошто најдобрите идеи ни текнуваат додека се тушираме?

Read more

Најсмешната фејл компилација на неделата

Read more
 

Магазин

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Читај повеќе

Помалку познати рани знаци на бременост

Читај повеќе

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Читај повеќе

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Читај повеќе

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Читај повеќе

Како да ги намалите сметките за струја?

Читај повеќе

Добро Ми Стои кај Претседателот

Читај повеќе

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Читај повеќе

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Читај повеќе