Ирак објави започнување на битката за Мосул од окупацијата на ИСИС

Операцијата за ослободување на вториот по големина ирачки град Мосул, кој од летото 2014 година е под контрола на екстремната сунитса организација Исламска држава, започна синоќа по средноевропско време, објави ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади.

„Дојде време за победа и операцијата за ослободување на Мосул започна“, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади во телевизиското обраќање до нацијата.

„Денеска го прогласувам почетокот на оваа победничка операција која ќе ве ослободи од насилствата и тероризмот на Исламската држава“, порача Абади.

Мосул под контрола на сунитските џихадисти е од јуни 2014 година, а пред судирите градот имаше околу два милиона жители.

Вооружените сили на Ирак и на САД започна интензивен артилериски оган врз источните делови на северниот ирачки град Мосул, ноќта кон неделата по средноевропско време. Гранатирањето се спроведуваше со цел да се уништат одбрани цели пред почетокот на решавачката операција за заземање на Мосул, кој важи како главно упориште на Исламската држава и главен град на нејзиниот самопрогласен „калифат“.

Ирачките медиуми наведуваа последните денови оти извештаите покажуваат дека ирачките војници се подготвени за конечното настапување кон Мосул е се во крајна состојба на подготвеност и чекаат да добијат зелено светло за почеток на офанзивата.

Засега нема поединости за текот на операцијата и кои сили учествуваат во неа. Меѓутоа, премиерот Абади во говорот порача дека „Главните операции за ослободување на градот ќе ги водат храбрата ирачка армија со поддршка на националната полиција и само тие ќе влезат во Мосул, никој друг“.

Турскиот претседател Реџеп Тјип Ердоган претходно изјави дека почетокот на операцијата за заземање на Мосул е планиран за 19-ти октомври. Ердоган инсистираше турските сили да земат учество во борбите за Мосул, сметајќи дека ирачките сили се недоволно подготвени за заземање на градот.

Турската влада стравува дека милициите на шиитското мнозинство, кои ирачката влада во минатото ги користеше поради слабата мотивираност на борба на сунитските припадници на војската за борба против сунитските ултрарадикални групи, би можеле да бидат користени во офанзивата врз Мосул, која треба да започне до крајот на октомври, што би можело да поттикне и секташки безредија и егзодус на сунитското население.

Лидерот на курдската автономна област Северен Ирак, Масуд Баразни, изјави во саботата дека е дојдено времето за заземање на градот. Се очекуваше дека силите на ирачките Курди, кои имаат поддршка и од Турција, ќе имаат значајна улога во протерувањето на Исламската држава од Мосул, но засега најверојатно ќе бидат ограничени на судирите во областа на градот.

Според разузнавачки информации, Исламската држава наводно во самиот град има меѓу 4.000 и 5.000 борци, што ја прави покомплицирана ситуацијата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе