Иран го погуби првиот демонстрант осуден за учество во националните протести

Иран утрово погуби затвореник осуден за злосторство што наводно го извршил за време на тековните протести низ земјата. Ова е прва ваква егзекуција што Техеран ја изврши, а активистите стравуваат дека може да бидат убиени уште десетици.

Новинската агенција Mizan, која според светските медиуми е раководена од иранското правосудство, известила за егзекуцијата на Мохсен Шекари. Според нивните наводи, Шекари за време на протестите „со ладно оружје им се заканувал на граѓаните и ранил чувар за време на протестите на улицата Сетар Кан“.

Беше уапсен на 25 септември, а осуден на 20 ноември под обвинение за „мохаребе“ што на персиски значи „водење војна против Бога“. Ова обвинение е покренато против многумина од 1979 година и се казнува со смрт. Шекари беше осуден во Револуционерниот суд во Техеран, кој обично ги одржува судењата зад затворени врати и беше критикуван затоа што не им дозволува на оние на кои им се суди да изберат свои адвокати, па дури и да ги видат доказите против нив.

Активистите предупредуваат дека наскоро би можеле да бидат убиени и други, бидејќи најмалку десетина луѓе се осудени на смрт за учество во демонстрациите.

„Егзекуцијата на #Мохсен Шекари мора да предизвика силни реакции, во спротивно ќе се соочуваме со секојдневни егзекуции на демонстранти“, напиша Махмуд Амири-Могадам, директор на активистичката група Иран за човекови права со седиште во Осло.

„Оваа егзекуција мора да има брзи практични последици на меѓународно ниво“, додаде тој.

Во Иран во последните месеци имаше активни протести низ целата земја по смртта на 22-годишната девојка Махса Амини во притвор на иранската морална полиција. Протестите започнаа како бунт против иранската морална полиција и се проширија во еден од најсериозните предизвици за иранската теократија од нејзината Исламска револуција во 1979 година.

Според групите за човекови права, илјадници луѓе се уапсени, а иранското Министерство за внатрешни работи призна дека во протестите загинале повеќе од 200 луѓе.

Париз и Берлин го осудија погубувањето

Презирот на иранските власти кон човештвото е неограничен, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок реагирајќи на егзекуцијата на Мохсен Шекари

Тој е „осуден и погубен во рамките на подмолно и брзо судење бидејќи не се согласуваше со режимот“, напиша Бербок на Twitter.

„Сепак, заканата со егзекуција нема да ја смири желбата на луѓето за слобода“, додаде таа.

Франција, исто така, изрази „силна осуда“ по егзекуцијата во Иран на мажот обвинет за ранување на член на паравоена група.

„Оваа егзекуција се додава на други тешки и неприфатливи прекршувања“, рече портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан Клер Лежандре.

Тримесечните антивладини демонстрации на кои интервенираа иранските безбедносни сили беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Иран.

Во меѓувреме, демонстрациите се претворија во повици за соборување на верските владетели во Иран и претставуваат еден од најсериозните предизвици за иранските власти од револуцијата во 1979 година.

Револуционерниот суд на Иран редовно изрекува смртни казни. Судот е основан по исламската револуција во 1979 година.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе