Свет

Иран го претстави ракетниот систем Bavar-373, пандан на рускиот S-300

22. август 2019 - 9:19 | Кајгана/МИА
Техеран, 22 август 2019 (МИА) – Иран денеска претстави нов мобилен ракетен систем земја-воздух од домашно прозиводство.

Станува збор за систем на ракета со долг досег, што наводно може да погоди цели на одалеченост од 200 километри, пренесуваат британските медиуми.

На церемонијата на покажување на системот Bavar-373, што иранските медиуми го опишаа како пандан на рускиот ракетен систем S-300, присуствуваше и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Системот беше претставен на Денот на иранската одбранбена индустрија.

 

Коментирај